Ете каде ќе има частење за Валентајнс. Туку, како се добиваат оние картички за попуст? Одамна ги мислам, а заборавам да прашам. И дај некоја нека каже за матирачкиот прајмер. Многу сакам да го купам. @Rose96, да не случајно си го користела?
Го имам пробано од кај братучедка ми само еднаш, порите ги прави невлидливи и некако има силинконска кремаста текстура незнам како поинаку да објаснам пудрата многу убаво изгледа од после. Ама не е агресивен прајмер како тој на Аура на пример кога веднаш чувствуваш затегнување на кожата и мат изглед. Го користев со по сјајни пудри и не ми беше мат кожата ама не беше ни пресјајна. Сакам да го купам немам сега некое посебно мислење битно не е лош. Од тој сјајниот сум многу задоволна затоа и сакам и овој да го пробам. Инаку картичка јас им реков дека сакам и ми дадоа немав сметка над 1.000 ден. Земи си често имаш попуст со неа,
Ти благодарам многу @Rose96, ќе побарам картица па ќе видиме што ќе ми кажат, а прајмерот ќе го земам секако затоа што овој од Аура ми здосади, а и најверојатно кожата ми е презаситена од него (ни сама не знам која тубичка по ред ми е веќе) затоа што почна малку да ме нафрла. Малку пауза нема да ми биде на одмет, па таман ќе го потрошам дури не стасаат високите температури. Аура е закон во лето, кога кожата е помасна. Пудрата не мрда од лице ама баш буквално. Ептен ми е ќеф да го земам овој на ГР, верувам дека ќе ми се допадне и ќе ми одговара. Благодарам уште еднаш.
@Mishela Ако го земеш прајмерот од голден чекам да кажеш каков е. Му се мислам подолго време ама уште го немам купено.
Да ми препорачате некое сјајче за усни во розевкаста боја? До сега ги немам користено сјајчињата на GR, па ај да ги пробам. Задоволни сте од сјајчињата? А камените пудри и коректорите за очи добри им се? Препорака за камена пудра (за проблематична кожа што сјае) и коректор за темни подочњаци? ФАЛА однапред за советите и препораките!
Мноогу сум задоволна од нивната козметика... одлични се по пристапни цени Моментално користам Мат Кармин и Маскара од Голден Роуз ,а имам користено и моливче и пудра која ептен ми се погоди
Попустот ќе биде за сите или само за тие со картички? Сакам да си ја купам подлогата и мат пудрата, па ако знае некоја колку би ме чинело?
Јас земав и предобри се ,нема бришење уште потрајни од течните мат...успеа некој да земе картичка без сметка.?јас направив цех 800 за валентајн требаа да бидат фер да ми кажат за картичката дека за уште двесте ден можев да ја земамда направам колекција од квалитетни кармини и да исфрлам се што не ги бива
Па исто околу 200 денари ама со попуст дека беа не запомнив точно и имаше гужва ...нема многу избор на нијанси дали 5-6 беа
Јас да се пожалам од самоостречкото водоотпорно моливче за очи од Голден роуз. Џабе е доста пигментирано, кога се отсликува, многу лесно се размачкува и се насобира црно на работ на окото од страната на носот(што не ми се случило со претходните, изгледа неуредно и нехигиенски).
Јас направив сметка од скоро 2.000 ден и ми рекоа дека не можело да добијам поени на картичката дека имало попуст демек а јас само поени плус барав не плус попуст. А инаку стално ја користам картичката и имам попусти.