Јас морам да ги пофалам вработените во Рамстор што се. За што и да застанам да прашам секогаш се љубезни. Инаку се повеќе ми се допаѓаат производите кои ги имаат. Едвај чекам новите овални четки да ги пробам, па ако некоја знае цена нека сподели.
Јас ја купив најголемата четка таа за пудра и контур што е. Многу е убава, воодушевена сум. 490 ден е.
А имаш ли порачувано од нивната офизијална страна ? Знаеш ли за колку време отприлика стигаат нарачките?
Девојки четката е препредобра, јас навистина сум презадоволна. Eдинствено не ми се допаѓа тоа што е пластична, некако ми е кревка . Не ни сакам да размислувам дека може брзо да ја скршам. Иначе @Rose96 спрејот за фиксирање на гр е одличен. Шминката трае, нема ефект на затегнато лице исто ми се допаѓа тоа што спрејов е предобар за лепење на глитери. Морам да напоменам дека пред овој спреј го користев авон спрејот за фиксирање така да кога ќе ги споредам огромна предност давам за спрејот од ГР
Дали ти свети лицето после нанесувањето на спрејот? Од тој на Авон мене ми свети на почетокот ми се допаѓаше ефектот ама како што беше потопло така и кожата ми беше по мрсна и не ми пдговараше повеќе.
@Rose96 како си задоволна од палетата на Freedom со ружеви,хајлајт итн? Знам дека имаше напишано тука ама реков да те прашам после некое време за импресии. Фала ти.
Јас сум презадоволна има се што барам во една палета. Последниот пост на блогот ми е за палетета со фотографии од нијансите ако те интересира пигментираноста. Еве линк http://rosee96.blogspot.mk/2017/02/freedom-pro-artist-pad-review.html?m=1
Едно време користев голден роуз шминка мада не се шминкам многу а, сега во последно време не купувам многу шминки, затоа што не сум многу по шминкањето. Мене ми се допаѓа маскарата.
Палетите со долгнавести сенки се 400 денари, имаше избор, јас една си зедов. Имаше и од другите ама не видов ни кои ни колку пари
Чисто да ве информирам оние кои не сте виделе, денес во ГР имаат 20% попуст на сите производи, баш утрово видов излепени срциња на излогот.