Јас да си се пожалам од матирачката подлога, за таа цена стварно не вреди. Ми го матираше лицето, али не ми ја намали видливоста на порите како што пишува. А немам некои длабоки или големи пори. Можеби требаше да си го земам тој на Аура
Епа за да не бидеш разочарана, не е ниту оној на Аура нешто специјално за цената и пред сè за количината која ја добиваш. Јас потрошив едно пакување, беше солидна, меѓутоа со второво како да стануваше збор за сосема друга подлога. Приметив дека ми прави ужасни поткожни акни. Никогаш во животот не сум имала проблеми со акни, а уште помалку пак со такви поткожни чудовишта. Имам само на места од лицето каде ја нанесувам подлогата и 100% сум сигурна дека е од неа затоа што кога престанувам со употреба се чистат и се појавуваат пак кога нанесувам од подлогата. Ја фрлив пред некој ден, сега сум во потрага по некоја нова и баш сакав да ја купам Голден Роуз. Немам многу проширени пори, ми треба само фино да матира.
Ај, ништо тогаш, да не ми е криво. Инаку за матирање е добра на ГР, си ја врши работата, пудрата ми беше иста после 5 саати искачање. Уште на топло и сончево не сум ја пробала колку ќе издржи, пошто времево е исто цела недела.
Го има да околу 250 ден мислам дека е Го имам пробано ама не е траен и се копира на горниот дел од капакот
Го има, 175 ден мислам. Прво кога го земав бев многу задовилна. За месец дена се исуши, така да не ти го препорачувам.
Jas imam za Velvet Mat pisuvano @s.T.e.F.i Ako koristis tus sekoj den zemi go jas 4 imam potrosheno do sega super mi e.
@Rose96, дали знаеш колку нијанси има достапни од трио-палетата за контурирање од ГР? Не сфаќам дали има повеќе верзии или е само една, онаа од твојот блог. Мислам дека ќе ми одговара твојата, ама да те прашам за секој случај.
Само таа мојата е нема други нијанси, само да знаеш не е многу пигментирана ама тоа ќе ти одговара мислам затоа што имам читано дека баш си светла.
Да го имам, мене ми се свиѓа ептен, црн е, доста пигментиран, тешко се брише. Едина маана му е што од кога ќе брцнам со четкичката за 10секунди е сува скроз. (Не знам дали тоа се случува со сите гел тушеви, овој е единствен што сум го користела)
Девојки надвор од Скопје имам една убава вест за вас! Makeup Revolution и Freedom Makeup сега можете да си ги порачате и онлајн и имате достава до дома, ако сметката е подолема од 1.200 ден доставата е безплатна. Сега сите палети ги имате достапни. Еве линк www.shop.harbinicosmetics.com