Ако некоја ги проба, нека пушти некое swatch-сличе. Многу ме интересира како изгледа карминот во средина (167), многу ми се допаѓа како ми стојат вакви нијанси, па би го купила.
Збор до два за фиксаторот на ГР? Го имам користено на Аура,ептен ми е погоден ама не издржува душа да не проба нешто ново
Леле, за истово дојдов. Пишав во темана за фиксатори ама сакав и тука оти поактивна е оваа тема. Иначе го купив ама го немам пробано сеуште И лошо да кажете тоа е сега... Обично луѓево прво се советуваат после купуваат а јас обратно...
Зависи на кое моливче мислиш. Јас го имам и она со обична четкичка кај капачето и задоволна сум, како восочно е и многу е пигментирано, меѓутоа гравитот е многу мек и мене тоа ми смета затоа што навистина пушта многу боја. Лесно се бленда и трае дури не ја отстраниш шминката со средство. Мислам дека го купив и помалку од 100 денари, а тоа новото со spoolie-четкичка е со поцврст гравит и не е толку пигментирано. Меѓутоа баш заради тоа повеќе ми се допаѓа, бидејќи лесно се надоградува. Околу 300 денари е.
Што мислите кој кармин стои подобро во живо од течните мат нијансата 3 или 13? И дали има соодветно моливче за овие две нијанси од оние креоните? Vs. 13
Дали ги имате користено овие пудри? Ептем ми личат на тие од Mac Mineralize Skin Finish. Сакам да земам еден од светлите за преку цело лице од тие што не светат нормално и 09 преку цело лице да го користам. Или ако имате користено некоја друга камена пудра од Голден Роуз да ми препорачате ама да не стои брашнесто на лицето?
И двете се убави бои. Розевката особено. Ама ако веќе мораш да бираш според мене розевката потопло ми делува. Само да не ти тече масло од последниов кармин.
Едно прашање. Мочивчињата за очи ама не дрвените туку оние помрсните со црно што се може ли да ги употребувам на долен капак?
@celineparis А да си пробаш тестер? Затоа што секоја нијанса различно изгледа на секоја уста, такак ќе си видиш кој поубаво ти стои. Инаку двете се убави. А за моливчиња има голем избор на нијанси и сигурно ќе најдеш нешто.
Да знаеш самo дека на сликава не е стварно ставен на голден роуз 13ката. Сликава е од девојка потпишана depechegurl на инстаграм, а она дефинитивно не знае дека голден роуз постои
Самоостречките? Може, јас со години го користев тоа моливче. Сепак, последниот пат кога го купив ми се кршеше на секое нанесување, премногу меко беше, некако се распаѓаше (повеќе ми личеше на лоша серија отколку на промена во квалитетот), па не го ни дотропив и земав од essence, мислам дека нема да се вратам на тоа од Golden Rose пак
07 не можам да видам дали свети, ама јас денес пробав една ваква слична и да ти кажам многу ми се допадна текстурата и финишот. Цената им беше околу 350 денари, така нешто мислам, не сум сигурна. Јас ја имам најобичната и најевтината (150 денари) камена пудра од Голден Роуз, затоа што мислам дека почна да ме фаќа шубе од премногу матирачки продукти и ми требаше нешто полесно како завршница, па една љубезна девојка од ГР ми ја препорача Silky Touch Compact Powder. Камена пудра користам само на Т-зоната зашто на образите немам потреба и само благо поминувам со речиси најминимална количина прав од пудрата што ми останал на четка или сунгерче, откако ќе ја сетирам Т-зоната. Пудрата е фина, со малку изгледа како воопшто да не си ставила пудра (а има мат ефект, се познава) и нежна е на лицето, не изгледа како прашина, но и не држи мат којзнае колку долго. Со неа во пакувањето оди и кружно сунгерче, кое повеќе ми се допаѓа за аплицирање. Со четка имам чувство дека не си ја знам границата и дека не сум ставила доволно пудра. За 140-150 денари не може да биде подобра. Следниот пат ќе ја земам онаа што беше 350 денари - поим немам која линија беше, ја запаметив каде стои и мислам дека беше 07.
И јас се решив за розевата и бидејќи веќе еден кармин фрлив што течеше од него масло најдов многу слична таква нијанса на Малена и си ја купив број 116. Ќе ја комбинирам со моливчето од Аура што веќе го имам број 33. Фала на помошта.
Погрешно сум пишала 09 за бронзер ми се допаѓа многу слично ми изгледа како еден од MAC give me sun или Sun power, ама светла сум па да не ми изгледа портокалево а сакам во последно сјајни бронзери. Инаку од овие има и посветли едните се како хајлајтери а едните се по мат за преку цело лице и некако ептем фина текстура имаат ама мислам дека 250 ден беа. Инаку и јас во последно се по сјајни пудри користам затоа што ептем почна да ми се суши лицето особено образите и челото, па камена пудра користам само да го фиксирам коректорот и на т зоната. Инаку ќе ја пробам и оваа што ми ја предложи плус цената е повеќе од одлична.