@Rose96 Сакам да те прашам за брознерот од гр дали си задоволна и дали изгледа убаво кога би се користел како руменило? И ако не ти е проблем Swatch да постираш да го видам како изгледа Спојлер
Мене ми се допаѓа баш убаво изгледа, е сега како руменило незнам како би стоело. Утре ќе постирам фотографија кога го имам на лицето па ќе видиш како изгледа.
@Rose96 и јас да те прашам за фиксаторот пак нешто... Дали го проба на светки? Дали ги држи светките ме интересира. Би требало да седат ама не знам немам пробано
За светки друго користам ќе ти пишам лп што. Инаку фиксаторот е предобар ештем го освежува лицето и прави да не се чувствува тешко од пудрата. Многу сум задоволна.
@Rose96 Ау те молам пиши ми. Да, за друго и jас сум задоволна, го пробав и на подолго и стварно е одличен. Ми текна и @Be-yO-nCe прашуваше па еве, читни , сега сакаш купувај го сакаш не
Јас не дочекав па си го зедов на Римел Искрено добар е,Мишелка го испофали па ај реков ќе го пробам. Исто го освежува лицето,ја измазнува пудрата и можи да се користи и како прајмер,така го немам пробано ама ќе го пробам деновиве
Ок ќе чекам фотогтафија. Само уште да те прашам дали има светки низ него заштотака ми изгеда. Паковањето го имам видено ама немаа тестер па затоа вака препрашувам.
Некој ко да праша тука за цената на фиксаторот или ми се причинува Иначе 225 ден. толку ако добро памтам беше
Јас ја користам на Catherine Arley, ја купувам од Голден Роуз. Мене ми е предобра и одкако ја купив сфаќам која разлика ја прави на лицето после течна пудра Цената е ефтина, што ми е многу чудно затоа што е квалитетна, 140ден е
Ги имам и двете горенаведени. Всушност зависи од тоа каков финиш сакаш. Golden Rose дава мат финиш но на топло време знае да ми тече како капки кога се потам (значи не спречува мастење/потење) а Catherine Arley има свиленкаст сатенски финиш што мене лично повеќе ми се допаѓа. Од Catherine Arley ја имам 5,5 и супер ми е затоа што пола е посветла а пола потемна, па ми служи и како бронзер, или ја подесувам зависно од моменталната боја на кожата.
Баш бев денес до Голден, 310 ден беше пудрава Може си ја начекала на попуст ти, имаше ваква ко твојава и со проѕирно капаче од Кетрин. Која е подобра? Имам комбинирано лице , па најчесто ставам само ЦЦ пудра од биотен.
Не се исти таа со проѕирно капаче и оваа од сликата. Оваа од сликата ја имате и на пазар по цена од 120 денари. Оваа е за комбинирана кожа јас имам и јас ја користам за ББ крема одозгора.
Веќе 3 пат по ред ја купувам, нема шанси на попуст да била. Ништо чудно да ти понудиле друга пудра, не ми текнува друго
Девојки, одамна се мислам и го меркам сетот за контури на Голден Роуз, па ме интересира некоја што го има ако може да ми сподели мислење. Најмногу ми е дека досега никогаш не сум ни пробала сама да правам контури, да не претерам со ставањето, а и не знам дали баш нијансите ке ми се погодат дека сум премногу бледа на лице. И каква четка би ми препорачале за таа намена . само да не е многу скапа? Фалааа ви женски