Имав еден кармин од Голден Роуз, сиво паковање... Некој да не има информација колку се цените на кармините ?
Од Голден Роуз користам моментално маскара и сум презадоволна го имав користено и тушот кој исто така ми се допаѓаше а и лакчиња користам од голден роуз и сум презадоволна од нивната трајност. моментално ја користам оваа маскара
Неможе да се каже дека има некој супер високо квалитетен квалитет , што е и нормално кога ќе ја погледнеме цената. Но имаат неколку добри производи кои искрено се поквалитетни дури и од некои позвучни имиња. За нашиот стандард е ок , јас од тушот сум пре пре задоволна , ги имам пробано и маскарите и тие се супер единствено нешто што не ми се допаѓа се моливчињата за очи и тоа што сенките некако по текстура се "брашнести", руменилата се ок не траат долго искрено , кармините се ок мене ми пречи само нивниот мирис незнам зашто и не користам многу сјајеви ама имаат убави бои има неколку пробано. Се на се за цената прозиводите се одлични
Богами за евтини пари имаш добар квалитет,солиден да речам.Јас веќе подолго време си ги купувам тушот и маскарата со златно капаче и сум ептен задоволна.Не ги мењам за ништо. Сенки и кармини досега не сум земала. Пред некој ден влегов во една продавница во ГТЦ да си земам некоја поевтина пудра,лесна за секој ден и продавачката ми ја препорача минералната пудра на голден роуз со 15 заштитен фактор. Еве ја искрено бев скептик дали да ја земам али можам да кажам дека воопшто не згрешив. Ептен сум задоволна стварно. Лицето ми го прави стакло,и што ми е најбитно лесно се упива и не се приметува. Добивам природен изглед каков што сакам. Цената е 310 ден. -35ml.
Задоволна сум од козметиката на голден роуз.А црвилата премногу ми се допаѓаат не се избришувaт веднаш.
Мислам дека се ми е од голден роуз. Иста фирма е и класик е сеа маскарите мн брзо ми се сушат некако али па за таа цена не е страшно. Сеа има една бела од класик маскара и преубава е. А од камената со две нијанси што е никогаш нема да се откажам некако се навикнав и лицево ми го праи стакло
Колку пари-толку музика. Не се за никаде како некои производи од тезга на пазар, а ни пак се одлични како некои производи на попознати фирми. Јас сум задоволна од тушот за очи со тврда четка. Го користам веќе 10 месеци и не ми е ни малку засушен. Лесно се нанесува, а и трае околу 4-5 часа без да се размачка. Лесно се отстранува со средство за отстранување шминка. Спојлер Палетите од 5 сенки имаат преубави бои. Без база и не траат многу, но ми се допаѓа што се брашнести, и многу полесно ги нанесувам. Спојлер Не сум ни малку задовонла од маскарата за волумен. Ми ги уништи трепките, многу ги лепи, се размачкува. Еднаш ја купив, никогаш повторно!!! Спојлер
Маскари секогаш само од Golden Rose купувам и презадоволна сум Сите производи им се добри освен пудрите...
Моментално користам карамин од голден роз и задоволна сум, инаку имам користено и маскара и туш, задоволна сум од сите...
^ Vesna.Spi па јас сум задоволна од тоа како прикрива. Можеш и да пробаш од тестер да видиш дали ќе ти одговара. Мене најмногу мерак ми прави што кога ќе ја нанесам добивам баш natural look.
Најомилен производ ми е нивното најстаро моливче за очи. Го користам со години и презадоволна сум. Исто и од маскарата Волумен х4 со златно капаче и класичната црна. Планирам да си купам некое карминче и коректор. Да ми препорачавте некој нивни по ваше искуство. Гледав еден течен, убав ми се виде за да го земам.
Тушот редовно го користам и баш ми е по мерак, лесно се става и трае цел ден, ни да се размачка ни да обледе, баш е добар. Добра козметика имаат, и со пристапна цена.
Јас баш денес си купив кармин и многу сум среќничка сега Инаку ја користам и маскарата со златно капаче, ептен ми е погодена и сакам да си купам уште туш за очи. Да ве прашам има ли туш за очи од оние како молив што се, и доколку некој има користено како сте задоволни?
Јас редовно ги користам моно сенките, и седефастите и оние мат и презадоволна сум ги имам во повеќе бои и некако мислам дека моно варијантите се подобри отколку оние што се во комплет. имам и туш којшто е одличен за парите, многу ретко го користам и еве го уште е во топ форма. мајка ми користи кармини и фини и се. а ова го земав случајно летово и е фантазија иако многу ретко го користам, но бев љубопитна и не згрешив: теракота стардаст така се вика, има повеќе нијанси. http://www.goldenrose.com.tr/en_index.asp Сјаевите исто им ги обожавам. Тоа е она што јас го имам пробано од оваа козметика и реално за малку пари се добива солиден производ.
Задоволна сум од Голден роуз козметиката.Редовно користам туш,маскара,презадоволна сум од моно сенките -мат ,а сега и кармините ги пробав,убави се
Јас сум задоволна од маскарата многу и од едно руменило, ги користам веќе година дена а немаат променето ни мирис ни па ми направиле проблем. Порано од перлите на Орифлејм по одредено време ми излегуваа брунчиња на образите, сестра ми маскара купи после мојава од Голден Роуз, за воља на вистината изгледаше исто, од Мејбилајн , ја плати три пати поскапа и се згрутчи за три месеци, мојава абер нема. За лаковите веќе не зборам, за тоа си кажав во соодветната тема, одлични се, поготово новиве, петка