Мислења за пудрава? Имам многу светла бледа кожа паа дали има некој со такво искуство, дали има прилично светли нијанси неутрални?
Колку што ги видов на страната на голден има и уште едни terracota blush on и гледав дека имаа убави нијанси, можда ќе си најдеш во нив нијанса. Тие околу 300 и нешто се.
Се е на попуст од ГР. И mur се. Налет на малите мат кармини има попуст. Наидов на еден blush на mur цена му беше 120 и на таа има попуст.
Ќе напаѓам за кратко и јас. Фала многу на инфото директно од "местото на злосторот", Бубаче и да се фалите сите што ќе си купите. Одам во поход.
Мене некако чудно ми е што личи многу помало од големото а да има повеќе од пола, еве не знам. Не ми личи ко да има ни пола од големото а не па повеќе
Па јас и онака не можам да ги потрошам големите изданија. Не ми се фрлаат, а ако стојат подолго, секако замирисуваат и мора да се фрлат. Малите ми се одлични мене.
Ајде наздравје. Додека има залихи. Инаку јас ја зедов 18ка црвена од малите мат. Јас пробав и 06(на рака) и немаше некоја разлика само малку на портокалово ми маваше. Blush-от од mur е розевкаст ми се допадна дека и нежен барав за летово кога ќе бидеме поцрни. А диплајнерот стандард го користам. Другата боја на мат кармините нр знам што бр е. Ама налет и напад на нив имав прво.
И мене, ама мл не лажат Јас ги земав 12 и 15, темни нијанси, бидејќи некако светлите ми беа бледи, а јас како што сум сирење уште тоа ми фали. Исто така многу сум задоволна од sheer shine stylo кармините, многу се убави на усни.
Јас памтам во јануари го купив 13 прв пат и само тој го користам. Скоро го потрошив минатиот месец, си купив нов и мајка ми го користи тој од јануари уште Јас мали сакам да си купам за да пробам бои што не сум ги користела до сега
Мене ми се и попрактични малите - не зафаќаат многу место во несесер и можам да си ги земам сите со мене.
Јас намерно мали земав зашто нели ви пишав во темава големите пуштаа масло. Се согласувам со Мишела ептен се практични за секаде. Ма да ако ставате по малку ќе бидат потрајни, јас со посветлите нијанси ставам еднаш и толку.