Абе јас сакав да прашам за теракота сенките што ги употребувате како хајлајтери. Ми ги покажаа во голден роуз и вака на рака ми изгледаат супер и ептен пигментирани, дали кога ставате се трајни и стојат на ова топлово време? Дали се ронат? Се мислам помеѓу 111 и една скроз бела. 185 денари се со попуст околу 143 денари.
Јас ја имам 134 и многу ми се допаѓа. Интензивен сјај остава. Мислам дека 111 е доста темна како за хајлајтер. Еве слика:
Ми ја пофалија таа доста и една членка исто така ја пофали. Јас имам слична на аура и да не ми дојде исто. Башка ги чекам и на abh.
Здраво, Те молам пиши ми од каде го зема фиксаторот? Во Аеродром го нема па да знам каде да го барам. Благодарам
Јас најскржла, дома се вратив само со две мини-карминчиња (бр. 22 и бр.05). Ништо друго не ми фати око. Се мислев дали да го земам прајмерот, на попуст околу 320 испаѓа мислам, па може да се размисли. Теракота руменилата гледав, гледав и на крај баталив - не можев да се одлучам.
Ги има ли кај нас руменилата од MUR, оние во облик на срциња? @buba4e89, @Rose96, знае некоја? Заборавив да прашам.
Мислам дека не, не видов јас такви претпладнево. Јас ги барав единечните(хајлајтери веројатно или руменило) и таа вработената ми рече дека тие тогаш биле така на почетокот како промоција и толку. Инаку јас и ти имаме иста нијанса на карминче бр.22 од мат малите.
Цена? Хајлајтер за под веѓи, го пробав во ГР и се заљубив во глитерот . Сигурно има некоја луда цена.
Многу убава испадна боичката, нели? Го видов пред некој ден во темата за кармини мислам и не одолеав. Во живо (барем на моите усни) е некоја така кафеавкаста нијанса. Ако имаш предлог за кафеава која мава по малку на бордо, кажувај. Да најдам и некоја таква деновиве. Сакам и некоја темна розева, ама ќе морам да пробам прво, оти многу тешко си наоѓам погодна нијанса. Утре ќе одам пак, па да видиме што ќе испадне.
@Mishela мене ми се допаѓа 9тата по ред и 10тата види ги. Инаку не сум ги пробала уште. Јас го имав 03, сега сакам и јас некои други бои. Ќе одам и јас пак па ќе видиме.
Сега само што се вратив пак купив 2 нијанси ама сега од големите. 3 , 16 и 23 уште ми останаа на список. Aко некој знае која е бројката од 10тата нијанса на сликата од Trxmx нека ме тагг. Преубава ми е
Ви љубоморам и се осеќам дискриминирана.Зошто во мојот град нема продавница на ГР? Не е фер. И јас сакам Штета што трае само до недела попустот, а јас од вторник сум во Ох. Ајде, ќе гледам на посветлата страна, ќе заштедам Инаку, се' што си купивте, со здравје да си користите