И јас ви љубоморам, Битола ништо нема уназадени сме скроз. Со здравје се да си користите. Сакам да ги прашам членките од бт дали имаат информација за малите кармини од ГР? Стигнати се по парфимериите или ќе си почекаме?
Последно ко бев во Канди,немаше.Најчесто таму купвам од ГР. Ги немам ни побарано на други места.Ако не,за скоро одам Ох,па оттаму ќе си купам.
@christinnn @P.S.love И јас барав во Канди, немаше. Девојки, имало некоја парфимерија во Јавор каде што имало козметика на Makeup Revolution, па си велам да не има тука. Дали знаете која е, каде е точно, на кој спрат?
@YoungandBeautiful Да не е таа, право ко ќе влезиш? Скроз на крајот, на првиот спрат. Јас па,поретко влегвам во Јавор. Една другарка и од Huda beauty кармини си имаше оттаму купено.Копија де,нормално,ама задоволна е многу. Испаѓа, тоа што не можиш на друго место да го најдиш, го има во Јавор.
Имаме многу парфимерии со козметика на ГР, ама не ги следат попустите како во нивните официјални продавници.
Да, колку пати ми се случило да си речам ај ќе разгледам колку ради-реда во Јавор и баш тука ќе си најдам. Мора да е таа што викаш, нема толку продавници на прв спрат. Инаку, сте влегле ли во Александар Козметикс? Како се движат цените на NYX производите?
@Rose96 имаше поставено линк пред неколку месеци заа тие што се во други градови а сакаат да нарачаат mur. Јас го зачував линкот ќе го ставам во спојлер па можеби ќе ти биде од корист. Спојлер: mur online https://shop.harbinicosmetics.com/index.php?route=product/category&path=44
Јас не ни знаев дека има попуст деновиве, денес случајно поминав во ГР во Рамстор и си земав жолт коректор за темни кругови околу очи Уште да знаев како се користи Ставате над него обичен течен коректор или не треба?
Жолтиот коректор се користи за да ги неутрализира темните тонови од подочниците и темните флеки како остатоци од некои акни. И жолтиот коректор е коректор, ако ставиш од него, немаш потреба да нанесеш пак над него течен. Ќе ти ги покрие неправилностите.
Дали некоја го има користено маслово за вадење на шминка од очите? Долго време го гледам ама да не го земам џабе па да ме пржат очите
Женцки попусти ли има на Гр? Шу е работта Во Ск каде има продавница нивна и до кога е попустот Убава козметика имаат ,јас сум задоволна ептен од се нивно што сум користела