Девојки , баш пред некој ден ми излезе сликава на нет и се заљубив на прв поглед во дизајнот и боиве на сјајчињава на ГР, ептен ми се убавки. Вчера поминав на кратко да ги видам во живо, ама имаше во моментов толку многу гужва и се откажав , а не знам и дали воопшто ги има и кај нас. Знае некој ?
Јас бев во Петокот вакво нешто немаше донесено..Би требало ако излегле кај нас да ги донесат за месец дена.Преубави се
Девојки дали сега скоро го имате сретнато некаде гел тушот на ГР? Јас некни барав во ГТЦ и Рамстор ми рекоа дека немаат не го носеле повеќе И да не бидам офтопик ама во контекст на пишаното, да ми препорачате некој добар гел туш, црн и не многу скап
Имате забележано дека малите на голден роуз се многу течни? Претечни ама од кога убаво ќе се засушат оставаат и ситни траги. Поентата е што тешко се вадат.
Да, потечна им е формулата, мене подобри ми се од големите. Ја имам 10-ката од големите и воопшто не го користам, баш е кејки, кај малите тоа го нема. 3-ката од малите е мноогуу течна во споредба со другите и содржи ситен глитер. Ако има некој исти број од двете верзии нека направи споредба.
Се согласувам со вас , тие малите кармини ептен тешко се бришат. И потечни се , да. Баш саботата за прв пат го пробав 06 црвениот кармин и кога дојдов дома со мицерална вода не се вадеше воопшто, па земав со кокосово масло, и ми останаа траги црвени од страна како којзнае што да сум правела
Точно дека малите се потечни, ама мене па за бришење ми е обратно. Го имам 15 големиот за жива глава со ништо не се вади, па и дека темна бојата ко вампир се размачкувам. Од малите го имам 24 и многу полесно ми се брише со влажна марамица, два пати проаѓам и сѐ е избришано.
Баш со бубаче пишувавме на viber за ова пред 1 недела добро е што напишала тука. Јас ќе се согласам со MagsDestiny Mалите се потечни и според мене малку погусти. Имам кејки изглед со нив. Не ми се трајни овие нијансиве што ги имам како големите и брзо се вадат со влажни марамици за вадење на шминка . Оставаат траги. Поради овие причини мали повеќе не би земала иако ептен му се радував. Спојлер Дм ќе ме "отепаше" , на образи цел беше со траги од кармин каде што го бацував.
Јас пак не гледам разлика ниту во формулата, ниту во трајноста кај двете варијанти на овие кармини. И малите и големите верзии ги отстранувам лесно со памукче натопено во мицеларна, а формулата не ми се допаѓа затоа што остава многу сув изглед на усните, па како поминува време, така повеќе „распукува“, а ако се обнови изгледа слоевито и непријатно. Убаво изгледаат само првите дваесетина минути откако ќе се нанесат на усни. Само црвената нијанса ужасно се разлева при бришење и многу тешко се вади. Тој проблем го имам со сите кармини во оваа боја, па не го сметам баш како недостаток. Тоа е, од течните кармини ретко кој освен Аура ми се погодил. Ама Голден Роуз имаат толку убав избор на нијанси, па некако ги „подголтнувам“ сите недостатоци. Нормално, дури не им најдам соодветна замена.
Во врска со распукувањето не се толку малите скоро и нема таков ефект за разлика од големите баш и пукаше. Многу тешко се суши,течни се и оставаат ситни траги. Ама од кога ќе се засуши убаво тешко се вади, кога се видов во огледало како расшлакана некоја бев.
Не се самоостречки, се острат со помош на острилка со поширок отвор. Има во Голден Роуз фина острилка за нив и не е скапа воопшто.
Ако немаш добра острилка (бидејќи знае да се крши во острење) го отвараш задниот дел и го потурнуваш графитот колку што ти е потребно