Таа маскарата со златното капаче Х4 според мене нема врска, ја купив да ја пробам ради коментарите позитивни но ич не сум задоволна или па не ми одговара, колку пари толку музика, искрено не ни очекував многу, се враќам на нешто поскапо, ќе трпи новчаникот пак, се нема среќа!
Можеби.. мене искрено ептен ми се погоди, трепките ми ги прави баш онака како што сакав, не ми паѓаат ( прочитав и такви коментари ).. мене многу ми е добра..
Спојлер Јас па обратно од тебе, не можам да ги преболам парите дадени за оваа пудра Лицето ми го прави гнасно, грдо, мрсно, како да ми е неизмиено со денови... Тоа е разлика од човек до човек Инаку јас туш и маскара си користам, задоволна сум... и од неколку сјајчиња сум задоволна.
Дали некој знае каде може да се најде следнава маскара? Цимерката ја користи, па ја пробав и јас и ме воодушеви, многу ми ги издолжи трепките и ми го отвори окото. За жал секаде кај шо прашав ми рекоа дека е потрошена и дека не знаат дали пак ќе добиваат од нејзе. Така да, ако ја видел некој некаде по парфимерииве, нека ме извести!
убава коекција ми е го имам руменилото за лице пеубав сјај има и портокаловата маскара новата што им е презадоволна сум убави работи имаат... имаат мат јас го имам црвениот преубав е и траен е
братучетками ја имаше користено и презадоволна беше баш и јас ќе ја пробам оваа кога толку ја фалат...
јас ја користам маскарава. ептен е убава ама брзо се троши ( мислам мене брзо ми се троши оти јас ставам по 100 слоја ) иначе и не е скапа 130 мислам дека е. а ја земам од парфимерија. четчето е супер и за долните трепки. најубава досега маскара дефинитивно од сите што сум ги пробала
Дали некој ја користел пудрата на Goldern Rose, само незнам која , а сум читала и многу ја фалат,многу покривала, ако знае некој нека стави слика.
Како не се прозиведува? Јас мислам дека се прозиведува,кога и да поминам по парфимерииве секогаш е има,и тоа баш една девојка пред некое време прашуваше за маскрава. Јас ја користам и што знам,добра е.А јас што незнам да нанесувам на трепкиве тоа си е друга приказна. И од кармините имам еден црвен,добар е.
Maскарата е толку добра, неописливо, пред една недела купив за прв пат и планирам само таква до користам од сега... Трепките ми ги прави баш како што си имав замислено,ниедна маскара не ми ги правеше вака, кој и да се мисли дали да проба,нема да згрешите верувајтее
Од Golden Rose ми е скоро половина(или можеби добри 70%)од шминката.Имам две палети по пет сенки,моно сенки,маскара,моливчиња,сјајчиња...само течен ајлајнер немам(уште тоа ми фали )и од се сум прилично задоволна.А моите другарки се пожалија од камената пудра,Јас си немам проблем,таман ми го прави лицето,ми го изедначува тенот.
Добро жени кажете во која парфимерија ја најдовте, бев денес во Сити мол ја нема, цел Охрид го свртев исто ја нема, си викам каква среќа ќе бев јас таман ја најдов the one и да не се произведува
Многу работи користам од Голден Роуз и сум презадоволна. -Тушот за очи кој нема многу слабо четче, но е многу прецизен, сега се испраксирав во цртање на очите и одличен ми е. А и долго време ми трај. -Маскарата во лилаво паковање, одлична е. За смешни 99 денари дава одличен волумен, четчето е со две страни. Едното е за издолжување, а другата страна е за уште поголем волумен и поголема драматичност. Слушав негативни критики од некои феминки дека веднаш се исушила, ама доволно е да поседи во топла вода и омекнува, па повторно може да се употребува. Кај мене, трепките ми се исти како и со маскара од Мејбилајн, само таа е многу поскапа, а има исти резултати.