Нема продавница Голден Роуз, но голем дел од производите ги има во скоро сите парфимерии. Немаат се, последно барав од малите течни карминчиња и мат течната пудра, ги нема никаде. Но се најдуваат голем дел од производите
Презадоволна од мат кармините. Долго се мислев што да праам и денес земав три и предобри се. Цените реално им се супер 140 со 240 за течниот кармин, реално едни од поевтините а по текстура и пигменираност, ништо подоле од повисоко котирачки бреднови. Едино им фали поубав мирис, иначе чиста 10ка се.
@Hipster и уште една маана на течните им е што после некое време стоење на усните некако како да „распукуваат“, а тоа не ми е воопшто пријатно за гледање
Со нанесување само на карминот? Јас прво се цртав со моливче па после стаив од карминот. Еве уште не ми е распукан Али јбг тоа е, многу ми се свија како изгледа на уста и нијансите и цената
не знам дали е само кај мене ама после некое време така рапаво, неубаво изгледа не сум пробала со моливче под него само ги исцртувам усните но пред да ставам убаво ги хидрирам и пак истото
@Hipster која нијанса ја зема? Јас имам неколку и некои нијанси ми се супер, некои не баш. Ја навлеков и @crimson на нив Инаку морам да се пожалам дека црвениот лак од линијата Color expert ми остава траги по гардероба.
Марама обавезно top coat и нема да имаш проблем. Јас со сите црвени лакови го имам тој пробчем бидејки работам со документација и ма листовите остануваат црвени линии.
Кој број на кармин, некоја нуд боја, повеќе секојдневна (да не е мат, многу чувствителни усни имам) најмногу ви се допаѓа?
Број 99 од оние во црно пакување класичните ГР кармини. Нијансата е прекрасна, формулата е нежна, со свиленкаст финиш. Супер е ама дали дека бледа нијанса па не трае подолго од неколку часа. Ќе ти заврши работа како карминче за секој ден.
Мене пак течните мат не ми се распукуваат, баш ич. Пример Nyx после одредено време ми ја прават устата сува - барут, ама овие на голдер роуз се совршени. Мене и мирисот ми е ептен пријатен. Инаку јас 95 денари го купив, ти од каде ги зеде @Hipster по таа цена? Другарка ми дури и се изненади колку се трајни, речиси ич не беше избришан после вечера, пиење и сладолед.
@Rebecca_R јас големиот течен кармин го земав, затоа беше толку пари. Не знаев дека има мали, да знаеш дефинитивно ќе земев мало за проба.
А леле, погрешно сум те сфатила, 140 се велвет мат, се извинувам. Има мали, ама мислам дека ги нема секаде. Малите се попрактични, а големите ми изгледаат преголеми. Јас и онака не користам ист кармин толку долго а и не одам на работа секој ден, па нема кај да го потрошам. Вака со малите и повеќе нијанси можам да земам. Голем еден а мали три за некој денар плус. Да редактирам. Прочитав тука дека големите после некое време почнуваат да "пуштаат" масло, па и тоа додатно ме премисли.
^Апсолутно се согласувам дека бољи е помалото. Али не ги видов у онаа на рекорд. Плус ми се погоди онаа нељубезнана продавчка, човече сакав најнабризна да купам и да си одам.
Има некаде онлајн каде што би можела да ги видам нијансите на мат кармините, па макар и малите? Кога и да влезам во продавницата има премногу гужва и не можам да разгледам на раат
Види на оној Српскиот блог - makeuparena. Таму ги има и новите нијанси, редовно апдејтира новитети оваа блогерка.