Нема на што, таман работа. Инаку навистина и мене не ми се погодија ниту маскарите на Есенс, покрај овие на Голден Роуз. Оди во општата тема за маскари и погледни ги коментарите околу жолтата маскара на Мис Спорти. Ако сакаш да заштедиш, тогаш тоа е тоа. Јас си купив и второ пакување пред некој ден, многу ми се допаѓа маскарата, а има и ептен пристапна цена.
Исто ко водоотпорна е. Тешко се отстранува, ефектот и е предобар. Пс. Има и водоотпорна верзија од маскарава, таа на пакувањето место розево има плаво.
Женски, ај хелп. Користам и течна и камена пудра, камената ми е на ГР силки тач, а течнава на Алкалоид, али е многу розева за мене. Значи, би ми требала некоја по портокалова. Па да ми препорачате некоја од ГР, да биде по кремава, и на портокалово. Не знам да се објаснам...
Satin smoothing, види ги 23 и 24. Али сепак најубаво да си пробаш на лице место, имаат и тестери, па ќе споредиш.
Од GR- Moisturizing creme foundation, а како втора опција на Дебора пудрите, особено 24 часовната е таква каква што бараш.
Дали некој знае кога ке ја донесат новата колекција металик на голден розе ? Има многу убави металик креон кармин .
Дали сте задоволни од сетот за контурирање од Мејкап револушн? Конкретно тој со розево руменило, ме интересира и дали нијансата за контурирање е добра.
Kako ste zadovolni od korektorite tecnite i vo stik na golden rose da li gi preporacuvate spodelete mislenja komentari iskustva?
Од мат течните кармини, дали број 23 го има некоја да ми каже на уста дали е толку на сиво како 10ката? Или е понеутрална нијанса?