Како ја користите? Не видов тема за банана пудриве, а ептен ме интересира во што е финтата Јас обратно од тебе, две палети на МУР имам, двете... тажничко дури е колку не се пигментирани. А со база ги користам. Без база веројатно се неупотребливи
Со сунѓерче се нанесува има видео над овој пост. Јас без база немам пробано толку мрсни капаци имам мислам дека зејтин ми тече од нив А не се пигментирани тие со светки, па јас ги нанесувам врз сенка.Бар светките остануваат.
Јас денеска ја пробав од Golden Rose Perfect Finish пудрата, се е океј само посакував да има поголем избор на нијанси.
Ни мат палетата што е со 32 не е пигментирана. Само ако ја навлажниш четката, па нешто од нешто. Само најтемните се пигментирани. А виолетовите не ни личат на виолетови, како сиви се.
^ Имам пишано дека го прскам четчето со фиксатор па си ставам од нив, меѓутоа ако нема сенка одоздола речиси и не се познаваат.
Јас со фиксатор, дирекно четката ја прскам. Само така на нешто личат иста финта сме имале @buba4e89 кои сенки, по можност мат, би ги препорачала? Навистина сакам да се пигментирани, значи ако е бледо розева - да биде бледо розева. Во мат палетата на МУР бледо розевата... не остава никаква боја.
Stavo prvo senka troa poecko na cetkata pa posle prsni nesto Inace i ja ne sum neso prezadovolna od senkite. Koa ke porasnam sakam Inglot da si kupam
@CameliaMiller баш така само најтемните се пигментирани и се блендаат. Јас имам од тие малите iconic dreams и од тие со светки само белата е најпигментирана и може и без сенка како подлога да се нанесе, дури дава ептен нежен изглед. А другиве тапа, јас и ради тоа не купив друга палета.
Немам од малите, ја имам големата мат и уште една голема светкава. Ништо. Баш после дома ако можам ќе направам swatches и ќе ги постирам. А доста бела кожа имам. Ако кај мене се толку невидливи, тек некој малце со потемен тен...
@CameliaMiller Со некоја погруба четка помини по сенките, горниот дел е така по крут и не пигментиран, после тоа сенките се одлични. И мене на почеток ми беа некако со по кредаста текстура ама сега се одлични.
Хмм.. добра идеја. Да пробаме нареден пат. Супер што сподели Розе. @CameliaMiller јас си ги имам на Sephora мала палета со сенки, руш,тушеви и кармини има супер нијанси ја зедов 15-20евра. Ама ако немаш можност до Сефора, разгледај ги на Мејбилин мат палетите што се,оваа на Бургунду многу голем впечаток ми остави а пигментација одлична. Само што таа е со светкави нијанси и две мат сенки. Сигурно и тие мат се пигментирани, пробај на рака во Дм има тестери.
Малку офф топик: Инглот јес да се скапи, ама верувајте немам сретнато подобри сенки на нашиов пазар. Пигментирани се - како што се во калапчето така се и на око. Со база не мрдаат цел ден (без база не сум пробала бидејќи имам мрсни капаци и не се осудувам да помислам на шминка без база). 400 денари е една сенка, 3 грама. Нит Мејбилин, нит МУР, нит Катрис не можат да се споредуваат со нивните сенки. И јас многу пати сум се водела според тоа „купи поголема количина за помалце пари“ но сиромашниот секогаш двојно плаќа. Јас не можам да се пожалам од Инглот, да потсоберам некој денар и ќе си купам од останатите производи.
Мене мејбилин не ми мрднале од око, исто и со Sleek и Sephora. Здравје би пробала и Инглот и на Morphe сакам да си нарачам има супер нијанси.