Некој да не знае колку пари се коректорите на Голден роуз? Тој со четкиче и тој како кармин што е. Кој е подобар?
Zenski go imate li koristeno ovaj sjaj za usni http://www.goldenrose.com.tr/en_index.asp i dali ste zadovolni?
Бев во една парфимерија кај нас во Битола, барав туш се двоумев помеѓу овие двата на Голден Роуз. Продавачката ми рече дека овај со тврдо четче бил поубав и посигурен за клавање. Јас нерви имам за клавање, ама баш сум презадоволна а и премногу трај пак. Имам користено ваков, не ми е баш нај нај, не ми е сигурен воопшто а и неубо црта Презадоволна
Јас тушов на Голден Росе ( тој со најтенко меко четкиче) не го мењам за ништо. Зошто да фрлам пари за некој друг кога овој е стварно предобар а е само 80 ден.
Сум давала и по 900 денари за маскара и секогаш се враќав на оваа. Ми одговара многу, една од најдобрите кои сум ги користела. Во последно време не ја имам сменато, ете засушена е треба да си земам нова. А и цената и е повеќе од одлична. Само 120 денари
Откако почнав да ставам туш,започнав со нив и не планирам да ги сменам. Го користам оној со тенко четче,еднаш купив диплајнер велам ај да сменам ама само се рашлакував и го баталив. Исто и кармините ми се допаѓаат и сум задоволна од нив, го имам еден nude боја мислам дека беше 98ца и понекогаш си го мешам со некои појаки црвени нијанси и добивам секојпат нов кармин Од маскарите немам пробано но нареден пат ќе купам баш ме заинтересиравте со оглед на тоа дека има многу задоволни од нив
Ајде јас да прашам нешто. Која максара е подобра ? или или некоја од тие новите,што се во пакување како тие на Mybelline.Мислам знаете кој. Е сега уште нешто? Колку сте задоволни од кармините на Голден Роуз,сакам да си купам,ама што знам...реков да си прашам прво
Абе види и двете маскари не се лоши пробај ги не се скапи и ќе видиш кои повеќе ќе ти одговара. А кармините мене ми имаат мирис на она класична шминка и ми пречи , и нз ако немаш проблем со тоа не се лоши за цената
Каде во Св.Николе може да ја најдам козметиката на Голден Роуз? Ми треба минералната пудра а во петок ке идам па да ја купам.
А од руменилата како сте задоволни? Јас треба да си купам руменило , некое розево , нејкам такви со топчиња. Дали некоја од вас користела?
Jа видела ли некоја оваа маскара? Ама не во продавниците на Голден Роуз, ами низ обичните парфимерии, дрогерии. Ми личи на солидна маскара, па баш би сакала да ја тестирам. Ме интересира и цена, доколку ја има кај нас. Ефектот што го дава не е за занемарување, сепак. Спојлер
Сум користела руменило од Голден Роуз и тоа Теракота онака баш порозевка нијанса бидејќи имам светол тен убаво стои иако е составено од мешавина на темно кафено розево и златно дава убав посветол изглед и битно е што трае јас пријатно се изненадив го купив околу 330ден и задоволна сум за таа цена.Еве вакво користев Golden Rose Terracotta Stardust 102
Околу 300 денари е маскарава. Јас ја видов во нивна продавница, кога ја купував мојата маскара. Ја прашав девојката што работи таму каква маскара има на себе и ми ја препорача оваа. Но, мене не ми се даваа толку пари