Морам, ама морам да ги пофалам, заедно ми се топ комбинација, се е покриено онака како што јас сакам, и не се многу скапи, за новиве производи !
Дали го има во голден роуз хајлајтерот од i heart makeup или ги има само палетите и ако знае некој цена
Се подновив со доста работи од Голден Роуз и воодушевена сум од квалитетот. Новата металс колекција има производи многу подобри од многу High end и поскапи производи. Сакав да ве прашам уште за течната пудра Total Cover дали ја имате пробано и која нијанса одговара за светол тен со жолт подтон?
Јас ја пробав пудрата неодамна и ми остави убав впечаток но не знам колку ќе држи мат на лицето. Ми одговараше најсветлата нијанса, 01. Вака од око убедена бев дека ќе ми одговара двојката, ама ептен ми беше темна. Сакам да го пробам новиот коректор, многу нежно изгледа на кожата, а сепак покрива.
HD Concealer се вика, многу е убав. Го пробав само на рака, ама ми се допадна. Се надевам дека нема да се собира во борите. Сакав да го купам, ама веќе имам два коректори кои ми се непочнати, па ќе почекам. Спојлер
@Rose96 имам две различни пудри од Golden Rose - мат и новата 2 во 1. Кај овие две нијансите се обележани си бројки, не со имиња и ако не се лажам, од тоа што јас го имам забележано, оди една со розов подтон, па со жолт, па розов, па жолт. Многу е веројатно ако имаш и друга пудра од Голден Роуз, да ти одговара истата бројка. Барем кај мене беше таков случајот, и двете пудри ми се бр.5 со розов подтон (4ка и 6ка се со жолт подтон)
Женски дали знаете каде во Битола можам да најдам од мини мат кармините? Одамна се во продажба али бт никако да ги донесат.
Сегде прашав, и во Иво, ми кажаа дека нема да ги носат не се исплаќале, многу мала грамажа биле. Јас од Ск си зедов, и многу попрактични ми се од големите.
Како сте задоволни од мат сјајчињата? Едни викаат супер други дека устата им станува ужасна по некое време
Од сите мат кармини, мене овие ми се најпогодени. И онака не се скапи, земи од малите пакувања и пробај, зависи од типот на кожата. Пример мене оние на nyx ми се пресуви, на aura исто така не ми одговараат (суви се и брзо се бришат).
Леле сега се прочитав што сум пишала Сум одговорила за нешто што не сум пробала. Мислењето ми беше за мат долготрајните кармини. Sorry @Minci13
Pa ne znam dali jas najdobro sum se izrazila mislam na mat dolgotrajnite sjajcinja kako sto gi ima na aura nyx i taka natamu sega vidov na instagram deka imaat nova kolekcija so mnoogu ubavi nijansi ama ne znam kolku se prakticni..vi blagodaram sepak