Сте ги пробале ли оние Софт мат кармини? Имаат фини нијанси само не знам какви се. Ги пробала некоја од вас? Можеби @Rose96?
@Mishela Да ги пробав и презадоволна сум, супер се пигментирани и баш се лесни на усните. Нијансите се преубаво едвај се одлучив која да ја земам. @kim.k Метал сенките се препигментирани, и новиот HD коректор е предобар како од покривност така и долготрајност.
HD Коректорот скептична бев кога го земав, мислев ќе ми се собира, ама добро се покажа. Не се собира, покривност солидна. Од мене . А и цената фина му е.
Женски, кој беше тој бронзерот на Голден Роуз што го споредуваа со тој на Бенефит мислам беше? Може да прикачите слика и дали знаете која му е цената? Ми се скрши бронзерот, а не ми се дава некоја голема сума за нов .
Ја сум задоволна од овие кармини. Ја имам нијансата во број 112, така некоја секојдневна розеникава боја е. Трајни се и пигментирани со тоа што за разлика од тие другите мат кармини не ја сушат толку устата него се покремасти.
Фала ти. Таков некој сакам, не мора да биде скроз мат, само убаво да лежи на уста да не изгледаат усните целите нагужвани под карминот. Ги гледав вчера ама не можев да се одлучам за нијанса. Многу малку нијанси имаше па земав металик моливче-кармин. Не се лоши и овие, многу се трајни. Софт мат ќе ги пробам дури трае попустов.
Навистина не ми текнува, јас лани ја имав купено. Не би требало да е повеќе од 600 ден. редовна цена, а плус сега до 17.05. имаат и -20% попуст
Денес купив моливчиња во голден роуз во бисер немаше попуст. А за пудрава горе што ја имате ставено имам мрсна кожа пишува демек дека е мат,катастрофа.Ај што не е мат не се размачкува остава некои траги покривност 2/5
Longstay matte пудрата, од сликата што ја имам ставено погоре? Јас ја користев лани летото, ја нанесував или со крема одоздола или без ништо, користејќи или сунѓерче или силиконско перниче, имам комбинирана кожа и супер ми одговараше. Или си ја користела во комбинација со лоша крема/прајмер, или едноставно не ти одговара на типот на кожа. Мене не ми правеше никакви проблеми, и без разлика дали ја имав фиксирано со пудра во прав одозгора или само со спреј за фиксирање, по цел ден ми го држеше лицето потполно мат Јас го имам сетов, цената мислам му е околу 300 ден. Презадоволна сум од нијансите за контур и бронзер, сосема мат се и со нив совршено можеш да ги истакнеш суптилно природните црти на лице, а лесно се надоградуваат и за подраматичен / повпечатлив изглед Единствено тоа најдесно што е за хајлајт не ми прави многу ќејф, може да е ок само за фиксирање на коректор под очи бидејќи воопшто ниту осветлува ниту се познава, па за друго не ми користи.