Ако сакаш светкав хајлајтер, земи ја трио металик палетата со руменило. Има бронзер, хајлајтер и руменило и сите се убави, пишував за нив некоја страна поназад. И со бронзерот од таа палета можеш да го контурираш лицето, плус добиваш руменило (кое одговара речиси кај сите). Овој од палетата за контурирање е повеќе како „хајлајт“ под очите и како што ти кажала Магс, највеќе е за фиксирање на коректорот и осветлување на тој дел од лицето.
Ја пробав јас, убаво покрива и формулата е свиленкаста. Мислам дека беше околу 330-360 денари, не ми текнува точно. Не е лоша и нијансите се убави, само на масна кожа не знам колку би траела. Ми кажаа дека била погодна за секаков тип на кожа.
Јас имам сува кожа па ваљда ке ми одговара, ми треба пудра па се мислам помегу оваа и онаа другата Total cover 2 in 1 сакам да е што попокривна
Види која ќе ти се допадне повеќе, мене и двете ми се океј. Првата (Тотал кавер) ми одговара ептен (имам масна Т-зона, па добро се држи таму), а за вторава не знам, ја немам пробано на лице туку ставив малку на рака за да видам какви се нијансите па и формулата. Мислам дека ќе одговара и за некој со сува кожа.
Јас ја користам сега и сум многу задоволна, лесна е многу има средна покривност и многу убаво изгледа на лицето.
Total cover ја имаш пробано? Која од овие две е попокривна и да не го прави мат лицето, оти со сува кожа сум и кога е мат и најситните бори ми се отцртуваат
Не знаев каде прашањево па ајде тука. Да не знаете можеби некоја информација, дали воопшто, и евентуално кога, би ги донеле Revolution conceal & define коректорите во GR кај нас? Ја прашав денес продавачката во продавницата на GR каде што бев, и ми рече дека божем ги очекувале но не знаеле кога точно, ама малку не ми беше за верување зошто пред да го каже тоа 2 минути бледо ме гледаше што ја прашувам, како да не знае воопшто за што и зборувам Би ги нарачала од RevolutionBeauty, сигурно и поефтино би ме фатило отколку тука да ги има за купување, ама со нијанси на коректори и пудри, на непробано лошо стојам, и сигурно би погрешила во изборот
Девојки готова е рецензијата за новите течни кармини, наскоро ќе се потрудам да напишам по нешто и за другите производи. Искрено многу сум позитивно изненадена од квалитетот за таа цена.
Знаеш што ме интересира, кој од 106 и 102 повеќе одговара на Голден Роуз 99. Тоа е од оние прастарите кармини во црно пакување, во облик на квадар со закосен врв. Со години барам замена за овој кармин, а од овие софт мат - на рака 102 изгледа потполно ист како 99-ка, а на уста 106 е потполно ист. Eптен се двоумам, ќе одам да пробам деновиве, ама ако имаш предлог од прва рака, те молам сподели.
102кава од софт мат мора да се проба, многу е нежен и убав, особено за дневна шминка-полн погодок. Само ме интересира околу карминиве, дали се чувствува на уста односно дали е кремаст или се "фиксира" за усните како оние другите течни мат кармини од гр ?
99 одговара со 106 а 98 со 102, барем мене така ми изгледа. Иако 106 и 102 се многу слични ама во подтон имаат разлика и двете ми се преубави.