Значи така како што мислев и јас, 106. Фала многу, да те частам сега, оти замена за карминов барам којзнае од кога.
Кремаст е тотално спротивен од другите, се фиксира после некое време ама сепак не е суво или неудобно на усните.
Јас знам дека отеков цитирајќи те низ темиве, ама овој пат те цитирам за да дадам точен одговор. Софт Мат кармините чинат 225 денари. Денес го купив бр.106 и навистина - преубава нијанса. Многу блиска, ако не и иста со 99ка од Голден Роуз. Ќе проверам утре па ќе споредам. Формулата ме изненади. Убаво лизга по усните, финишот е кремаст и не се фиксира веднаш на усните, трпи корекции и по неколку часа. Кратко го носев денес, само неколку часа, па и не можам да дадам некој којзнае каков коментар, но задоволна сум. По некое време се суши во мат, но не изгледа здрвено на усните и може да се коригира. Е мене линиите на усните ми се познаваа, ама не изгледаа воопшто како исушени и дефинитивно не се споредува со течните мат од ГР. Многу подобри се овие, барем за мене.
Фала ти многу што се сети да пишеш, одамна барам таква боја. А по описов и за структурата сигурно ќе ми се свиѓаат. Сигурно ќе си набавам
Само да напоменам, да не редактирам - линии на усните почнаа да ми се познаваат по неколку часа, не веднаш. Сум го испуштила ова при пишување. Ама сосема малку, што и не ми сметаше. Веројатно затоа што карминот не е ептен мат и не изгледа суво, како што е случај со обичните мат на Голден Роуз. Веднаш по нанесувањето, овој кармин (Софт мат) е баш кремаст, со некој сатенски, кремаст финиш. Не се лоши, очекував некоја глупост како едни стари течни „мат“ кармини од Есенс, може па и затоа ми се погоди, дека немав некои високи очекувања.
Дали сте виделе во продавниците на ГР, шеќерна паста за депилација. Пред х-години имам купено во цилиндрично пластично кутивче ама не сум сигурна дали има пак. Мислам @Annath го имаше препорачано некогаш.
Мислам дека веќе не ја носат одамна, пред неколку месеци ја барав истата ми рекоа дека ја немало одамна, и нема да ја носат. А , зошто и како не знам... мене ми беше одлична и ептен ми е криво што ја нема веќе Ако има некој понови информации нека сподели
^е баш штета. Одлична беше и трае долго. Се мислев по тезгите на пазар со козметика да побарам, не сум баш убедена дека беше ГР производ иако од нивна продавница го купив.
Не е на Голден Роуз, не знам што фирма беше, вака изгледаше Сега може е сменета амбалажата, одамна не сум ја користела.
Едно глупаво прашање ама не сум пробала, па не знам . Како се користи шеќерната паста? Дали боли како со восок? Колку време си на раат и колку пари е?
Се топи во сад со топла вода, се зема количина колку голф топче и се меси. На чиста кожа се нанесува во обратен правец од раст на влакната, и се тегне смесата со раце без други помагала во правец на растот на влакната. Безболна, брза кога ќе влезеш во шема, и нема поткожни влакна. Плус, влакната се проретчуваат прилично. Јас одамна не сум се депилирала вака, немам толку време, со машинка ми е најбрзо.
Уште една препорака од мене Метал моливите за очи. Предобри се препигментирани и предолготрајни јас ја имам тиркизната нијанса и сум презадоволна.
@Rose96 неможам да ти пишам пораќа па овде ќе те прашам. Според тебе кои течни сенки се подобри , од golden rose или catrice ? Кои имаат подобра пигментација? Иначе пофалба за течниот хајлајтер на golden rose
Сега го гледам ова, може и си купила ти 7-8 Нијанси имаше, а за хајлајт што знам мислам оти не е баш.. @Bozica1980 на бит пазар од тезгите имам земано пред 2-3 години шеќерна паста.
Голден Роуз изгледаат подобро затоа што не се фиксираат веднаш па имаш време да си нанесеш убаво, а Catrice некогаш веднаш се сушат па изгледа како собрано на очите. Голден Роуз мислам дека се подобри.
Најсветлата нијанса кај мене ептен го дава тој хајлајт ефект. Не ми се допаѓа тоа што потешко се бленда, ако не се натапка внимателно може да остави баш бели флеки по кожата, па го ставам пред течната пудра ако имам нешто плус за покривање, потоа пудра, па на крај под очите за да осветлам подочници. Како ќе го фиксираш така си останува, не мрда цел ден. Малку тешко изгледа, особено во споредба со течниот Аура кој буквално не се чувствува на лице, но убаво покрива темни подочници. Не е лош коректоров, задоволна сум само ме нервира тоа со блендањето.