Секој кармин ја менува бојата во зависност каде е. На уста, на рака, во шише, на слика, ќе биде различен. Иста боја на кармин на две девојки различна нијанса ќе има.
Јас 2 земав, ама иста нијанса, едниот веројатно при крај ми е. Не знам кај ми беа очиве оти не проверив колку мл е. Подобро Катрис или Аура ќе си земев, дупло мл имаат
Јас не ни проверив тоа, кога го отпакував видов дека нема да имам поим кога ќе се потроши, многу непрактично пакување од тој аспект.
На блогот имам рецензија на новата течна пудра коректорот и камената пудра. Ако ве интересира мислење.
Што ќе кажете за бронзер, highlighter, руменило на голден роуз, препорачајте кои? Задоволна ли си од странара Revolution Beauty, велат не била многу сигурна, имаш ли порачувано, ти стигнуваат ли порачките?
Дали се добри хајлајтерите, контурите, бронзерите на Голден Роуз, што ќе кажете за нив. Кои ќе ги пофалите?
Нарачај директно од Револушн, повеќе ти се исплати Макар и достава да платиш. А втора работа, сега имаат 50% попуст, има убави работи. Јас на Софи ги имам првите две палети и се фантастични, сега планирам да ги нарачам оваа твојава, Екстра Спајс на Софи и Тропикал Парадајс на Тами