Ја купив и сум презадоволна! Многу добри сенки, особено за навечер. За преку ден нема многу можности, али врши работа.
И јас сум презадоволна , широк дијапазон на бои. Има и за дневна варијанта , сите светло кафени и бледата розева
Шерил, зборите за палетата од сликата на претходната страница, така? Добра ценава, 350 денари за толку многу сенки. Немам вакви бои, па може да се земе. Супер изгледа и има микс од седефасти и мат сенки, баш како што сакам.
Јас ја земав другата што е 350 ден, побронзена е. На прв поглед ми беше малку надвор од комфорната зона, али многу ми се допадна. Сенките се доста пигментирани, лесно се блендаат и одличен избор на бои.
Девојки ми треба ваша помош. Сакам да купам еден од овие течниве хајлајтери, но искрено не знам како се нанесува правилно. Како го користите вие, под камената пудра илиии не ставате камена @Mishela мислам дека ти го користиш ? Предлог пудра на ГР за нормална кожа со минимална масна Т-зона. Да има средна накај голема покривна моќ и мат финиш.
Да, ги користам и течниот и тој во прав. Не заедно, да не се разбереме погрешно. Хајлајтер секогаш ставам над камена пудра/пудра во прав. Не го фиксирам, нема потреба. Ако не користиш камена пудра, тогаш само ќе го прескокнеш тој чекор и ќе нанесеш хајлајтер над течната пудра.
Да, да тоа е во ред.Имам и јас испробано секакви хајлајтери, ама со течниве и кремастиве имам проблем, откако ќе ставам врз камената пудра не се бленда баш убаво, изгледа како замачкано а камената се брише и останува како флека. Користите блендер или ?
Течниот го нанесувам со прсти, така полесно ми се разнесува затоа што дополнително се топи во контакт со топлината од прстите. Само тапкам по кожата и убаво изгледа. Инаку со бјути блендер не ми се допаѓа како изгледа, не го користам за тоа. Користам само четка за хајлајтери во прав, другите можат да пројдат и нанесени со прсти.
На револушн бјути има до 70% сејл, чекав да земам плата па да им се пуштам... ако остане нешто до после
Каде во Скопје има Дм и Гр во ист мол? Обично дм во Капитол одам, а Гр во Рамстор, има ли некаде двете на исто место? П.С. Само не ГТЦ, не верувам таму до 22:00 да работат