Девојко зошто коа нанесувам пудра , сенки и хајлајтерот на лице , како прво едвај ми се нанесува , ептен ми се суви , како ронки ми се прават и едвај со четка ги вадам за да ставам на лице ... Што погрешно правам?
Заљубена сум во моливчињата на ГР ептен ми се свиѓа што имаат кремаста структура и убави нијанси Од друга страна за жал со течните пудри немам убаво искуство гоолем минус.
Колку што забележав, до пред некој ден, се уште ја нема, не верувам и дали ќе ја донесат А не сум во можност во моментов од сајтот да нарачам, и со душа ја чекам овде
Јас обично од сајтот нарачувам, ама сакав побрзо да ја имам Ако случајно ти се дели нарачка со мене, пиши ми пп ќе делиме, 2 недели во просек треба за да стигнат
која пудра ми ја препорачувате од голден роз? колку им се четките? да напоменам за пудрата , дека лицето ми е малку проблематично , што и да ставам на него брзо се суши , не ми впива туку ми се прават грутчиња од нанесеното
правам , јас имам убаво и чисто лице , но некако како да не ми ја впива пудрата , затоа и тоа ми е најголем проблем во шминкањето , ке купам некоја пудра и еднаш нанесувам и после си стои во фиока
Покрај пилингот, пред нанесување убаво намачкај го лицето со некоја крема, не тешка, но хидрирачка. Почекај да се упие, пак намачкај. Можеби имаш сува кожа. Во периодите кога ми е барут сува кожата, само често пилинг и многу крема ме спасуваат од грутчиња. Друго, пробај да ја нанесуваш пудрата со сунѓерче или четка, не знам зошто, но кога ставам со прсти мислам дека со самото втривање правам како "грутки".
Фала ти за советите Дали можеш да ми препорачаш некоја пудра од Голден Роуз ? Што мислите за Long Stay Matte?
Не можам, не сум користела ниту една Ама користам Буржоа 123, таа ми е за секој ден, и Ревлон за сува кожа, таа е попокривна и навечер ја носам. И двете ми се супер. Исто ти дадоа препорака за Буржоа Хелти Микс, ја немам пробано, но ќе ја купам чим потрошам малку од пудриве, моментално активно користам и имам отворено 5 + цц крема + пан стик Исто поефтина но мене ми се покажала како супер варијанта, на Авон Flawless пудрата, кога не е на попуст е некаде 400-500 денари, а скоро секогаш ја има во каталог по пониска цена Ни една друга од Авон не ми се свиѓа, ама оваа е одлична, посебно за цената... Инаку ако имаш сува кожа не ти препорачувам ниту една со мат финиш. Ќе матираш отпосле со камена каде што ќе има потреба
Мене лицето ми беше мрсно , но со тек на годините ми стана посува и користам многу витаминска крема .. Дали е покривна и долготрајна?