Спојлер Втората дефинитивно! Првата ги лепи трепките и брзо се суши, барем мене тоа ми се случи со две купени такви.
И мене маскарата од Голден Роуз со златно капаче што е многу брзо ми се сушеше мислев дека нешто е до мене дали си велам брзо ја трошам или нешто друго арно ама на 2/3 пати ја купував и се исто ми се случуваше така да веќе не ја користам...црвената не сум ја пробала лично ама моја другарка ја има користено и ја фалеше.
Јас ја имам оваа маскара и добра е Оваа не е нешто нај Пудра не користам многу многу,но повеќе преферирам течна и оваа е супер Но морам да кажам дека најдобра според мене е Ова го користев
Имам користено маскара, оваа многу ми одговараше, но си открив подобра од Сенвтин и веќе не ја користам оваа. Имам користено и некои карминчиња, не сум задоволна воопшто, не се трајни и ми прават бела линија на устата. И од моливчињата не сум задоволна, имав црно, ептен беше суво и требаше да си извадам око за да пушти боја
Женски а четки од Голден Роус има ли во Мк? Еве вакви http://www.goldenroseusa.com/18-Piece-M ... rchSize=12
Ги има. Или ги имаше... одамна кога бев во Голден Роуз ( таа на рекорд ,уште не беше отворена ни таа во ГТЦ) комплетов го имаше и 700 денари беше ако добро ми држи памтењето. Ми фатија окце мене,ама тогаш само разгледував и не ги земав и од тогаш немам проверено дали ги имаат сеуште. Провери до ГР може сеуште ги држат
од ова козметика сум задоволна,за цените е супер.....имам маскара,лабело,коректор,кармин и сјај од карминот и од маскарата сум најзадоволна
Значи вака ми треба туш со малку по тврда четка оти јас не сум многу прецизна, ми треба пудра немам нешто којзнае што за прикривање туку ете за посвечени прилики, ми треба маскара, би сакала да ми препорачате , каде да ги набавам и цена секако
^Пудра и туш незнам баш,ама за маскара топло ти ја препорачувам Голден Роуз волумен х4. Мене барем многу ми е погодена Цена-јас ја купив 120 денари,а ми кажаа дека ја имало и за поевтино
Не знам дали ги има истиве четки затоа што не сум барала четки во Golden Rose, ама има и во продавницата во ГТЦ, така да најдобро е да одиш и да провериш Јас го користам тушот од Golden Rose (поточно од Classics, ама од ист производител се) повеќе од година и сум презадоволна. Изгледа вака: Ти препорачувам да го земеш првиот, односно тој од Classics, затоа што го имам и тој од Golden Rose ама некако не ми се погоди, иако продавачката ми рече дека се исти, мене ми изгледа повеќе течен и лесно се размачкува. Исто така внимавај да не земеш туш со тенка четка, затоа што има и такви, наместо овој со тврда односно диплајнер. Цената е 90 денари.
Сакам да си купам туш од Голден Роуз, ама незнам со мека, или тврда четка? Кое е подобро, со оглед дека се учам туш да ставам хехе, со каква четкичка подобро ке се справам со мека или тврда?
Со тврда, се разбира. Имаш поголема контрола врз раката и врз површината на која ставаш. Тоа мекото четкиче е како 3-4 долги влакненца споени, и лесно се виткаат и прекршуваат при ставањето. Тој со мека мислам дека никогаш нема да научам да го ракувам. Мислам, не е голема филозофија, можам колку-толку да повлечам линија, ама не е тоа тоа. Мајка ми, пак со години користи тушеви со мека четка и е задоволна. Крај краева, се е ствар на навика. Почни си со тврда, или уште подобро, со ајлајнер во вид на фломастер. Ќе добиеш контрола врз движењата.
Се што сум користела од ГР ми е супер. Само пудрата ја немам користено, ама бидејќи имам мрсна кожа на лицето се мислам која да ја земам... До сега ја користев на Јанг Дерм отсекогаш, многу ми одговараше, а сега последнава што ја купив, да ти е мило да бегаш кога ќе ја ставам... Хорор, ко лепрозна во лицето. Ајде некоја со мојава мака да ме посоветува?!
Јас токму спротивното. Еднаш набрзина зедов еден и ефектот беше - стави и проверувај после пола минутка. Башка кога ќе нанесев беше како да е намачкана паштета. Тешок и го нанесував повеќе време за да фати. Мислам дека и претодно имам пишано дека до сега сум фрлила многу пари по туш за очи со мека четка. Не знам какви брендови и не знам какви пари да чинеше - не бев задоволна (освен од еден донесен од Америка). И на крај, бидејќи мораше нешто да се земе го зедов овој колку да поминам таа вечер со шминка каква што посакувам. И ете, од ново си купив од него. Во споредба со нулите од парите кои сум ги фрлила за туш за очи, овие (помалку од) 100ден. на тушот со мека четка од Golden Rose ми се најдобро потрошените