Каква кожа имаш Јустиција? Јас сум задоволна од новата ХД пудра на Голден Роуз, погледни дали ќе ти се допадне таа. Не е тешка, ниту е мат, би била добра за секаков тип на кожа според мене. За многу сува кожа со добра крема одоздоле, а за многу масна со некоја добра база/прајмер. За сите други типови на кожа е скроз супер.
Golden Rose Metallic Liquid Eyeshadow - омилено Пишува eyeshadow али може слободно да се користи како кармин.
некогаш сува некогаш мрсна , да речам нестабилна ми е , користам мн креми за нега и против брчки , затоа поретко користам пудри .... а ми е потребна некоја да е долготрајна , нема многу шо да покрие чисто ми е лицето ,но не сакам после 1 сат да светнам
Тоа може да е до самиот квалитет, не се доволно пигментни. Пробај да ставиш некој подобар прајмер за очи, ако сакаш поинтензивен мејкап на очи. И пробај Naked палета и essense, океј се.
Штом ХД на Голден Роуз кај мене издржува речиси цел ден со минимални корекции само кај носот, кај тебе би требало да одговара многу повеќе. Убава е, пробај ја од тестер. Формулата е нежна и свиленкаста но многу пигментирана. И јас имам чисто лице, ама се гледа дека солидно покрива. Мислам дека беше околу 360 денари, не сум сигурна.
@Pretty Woman во Голден Роуз имаш вакви illuminating подлоги за лице. Мислам дека сите прајмери им се по 360 денари. Инаку те тагирам тука за да не одам оф-топик во темата за ББ-креми. Вака изгледа подлогата. Лево на сликата.
Да, таа е пудрата. За прајмерот имам пишувано минимум два пати рецензија, па не би се повторувала пак.
Женски на страната на Голден роуз видов дека нијансите од софт мат се 106 113 102 и 105,а моево што го купив во Бисер е 104.Не се сите нијанси изрекламирани или е некаква грешка?
Ги имам најновите хајлајтери, ги купив 430 и одлични се. Светат многу, розевката нијанса ми е омилена. Потоа, го имам користено виолетовиот фиксатор и е добар, не го чувствувам лицето затегнато како да сум ставила лак за коса... И следно што ќе си го купам е базата или што би рекле ние подлога за пудра: