Јас го имам само матирачкиот прајмер од нив, задоволна сум. Препорачајте некои производи од кои сте задоволни и исплатливи за да го искористам попустов деновиве.
Мене ми кажаа дека била добра за секаков тип на кожа. Не е лоша, мене на мојата комбинирана кожа добро ми се покажа. Не со тој ефект што го сакам (јас упорно барам или се надевам дека сите пудри ќе ми бидат скроз исти како Ревлон...), но тоа не значи дека е лоша пудра. Убаво легнува на лицето. Не е тешка, не се собира во борите, со прајмер би требало да биде уште подобра. Инаку мене ми одговара 101, 102 ми беше малку темна, ама мислам дека може да се ориентираш вака: 101=51, 102=52. Не скроз, ама отприлика.
Звучи интересно. Мене Ревлонот ми е претешка, не ми е баш за секој ден како што барам, така да мислам дека бидам задоволна. Сакам да пробувам нови пудри, а сега поради попустов разгледував на веб страната на Golden Rose што би купила, па веројатно ќе ја купам заедно со коректорот од истата колекција. Интересен ми се виде и тој течниот кармин Metals, немам нешто такво, а и теракотните сенки. Досега само од маскарите на Golden Rose не сум задоволна. Благодарам
@LollySky навистина пудрата е солидна, само пробај си сепак. Носи си ја и Боржуа со тебе, за да споредиш. Јас така правам, немам утнато досега дури и при лошо светло. Теракотните сенки се многу добри, а исто и оние најобичните моно мене ми се супер. Од металик кармините имам еден како џамбо-моливче и ептен ми се допаѓа, течните не ми се пробани. До душа, течниот хајлајтер го користам за добивање на металик изглед со обични кармини понекогаш, кога имам време и волја. Општо, Metals колекцијата им е многу добра, понекогаш ми доаѓа да си купам сè. Јас си купив некои лакови од Metals, нека блештат ноктите. : )))) Друго ништо не ми фати око, а да бидам искрена па и ништо ново не ми треба, многу глупости изнатрупав од Голден Роуз периодов, па нека ми е. Од маскарите и јас не сум задоволна, не постои некоја што не ми се пресликала...и тоа отприлика.
@Mishela @LollySky јас па немам никаков проблем со поголем дел од маскарите. Оваа ми е моментално омилена, убава црна боја, ги двои и издолжува. Не се рони, не се пресликува и не ми ги иритира очите.
@CameliaMiller не знам за што си расположена периодов од шминка за да знам што точно да ти предложам. Јас во последно време се држам до некои продукти кои навистина ми се покажале одлични и нив ги терам со месеци, па некои и со години. Некој таков период ми е, ич не ми се експериментира. Можеш да ги провериш тие неколку продукти за кои зборевме вчера со Лоли, сите ми се супер. Во главно, Металс колекцијата им е врв на Голден Роуз, до сега немам приметено утки таму. Од Металс ги имам малите светкави (metalic) лакови број 101, 108 и 109, кармин од оние во облик на Џамбо молив за усни, мислам дека беше број 02 (преубава бронзена нијанса со розеникаво-праскасти примеси), течниот хајлајтер кој го користам и како липстик топер кога сакам да добијам металик изглед на обичните кармини и како сенка. За трио-палетата посебна приказна, мислам дека на сите што им ја препорачав, нема некоја незадоволна од неа. Ако не се лажам, и @kristina.k ја купи и ја пофали потоа. Има три трио-палети од ГР, едната е само за контурирање, другата е за строубинг само со хајлајтери и третата е оваа мојава, со бронзер, хајлајтер и руменило. Сè е прекрасно и сите три дела се употребливи. Руменилото е малку корално и има шимер, мене ми е скроз погодено и понекогаш меѓу другото, го користам и како сенка. Хајлајтерот е некоја шампањ нијанса, многу ситно мелен и најомилен ми е од сите кои досега сум ги имала. Бронзерот нема портокалови тонови, не е скроз неутрален, има потопол подтон но нема црвеникав или портокалов отсјај, чоколаден е и не е како кал на лицето. Сите се блендаат убаво и тоа отприлика. Многу пати имам пишувано за палетата, па ова нека стои за да не го верглам истото во сите теми и пораки во кои имало прашања за истава палета.
@Mishela да, многу сум задоволна, од ко ја купив сите други бронзери, хајлајтери ги немам пипнато. Дури и руменилото најчесто од палетата го користам, ептен ретко друга боја колку да сменам. Препораки и од мене за палетата. @CameliaMiller
Мислам дека највеќе ќе обрнам внимание на молив кармините не сум љубител на металик на уста, нокти не лакирам, така што може да освежиме колекција кармини Грасјас
@CameliaMiller Мене фаворит ми е коректорот од HD колекцијата, секаде го испофалив и го препорачав и многуу се задоволни од него. Друго одлично се четките. Би ти препорачала да ги разгледаш тие blending имам една што е малку поголема ОДЛИЧНА е! Исто така четката за хајлајтер и за сенка на целото око е многу добра. Базите имаат 2 луми бази едната е со крупни светки како хајлајтер (јас ја обожавам) а другата е исто сјајна ама повеќе дава сјен изглед. Ако корисиш мат пудри закоја и да се одлучиш нема да погрешиш врв се. Кармините и моливчињата мора да ти бидат на листата особено тие мат. Безразлика дали ќе се одлучиш во течна или тврда форма нема да погрешиш. Молив за веѓи на навртување многу е добар. Дава преубав природен изглед. Единствена мана е што брзо се троши. Сенки пробај ги од Металс колекцијата многу убави нијанси и долготрајни се на капакот. И @Mishela веќе ти ја препорачала палетата. Ако сакаш палета со хајлајтери и руменило и бронзер јас би ти ја препорачала од Makeup Revolution Sugar 2, палетава е сон преубава хајлајтерите инензивни, јас со ги мешам за да добијам што сакам во зависнот од шминката. Предобри се. Се надевам дека ти помогнав.
+1, се јавувам и јас како задоволна од ХД коректорот, знаев дека нешто заборавив. Конечниот впечаток ми е дека навистина е одличен коректорот, само минус за пакувањето зашто немам контрола до каде е. За разлика од некои други поскапи коректори, овој е врв и не е тежок на кожата под очите.
На MUR производите ги нарачувам онлајн, баш на ГР ќе купувам. Е, за ХД коректорот и јас сум задоволен потрошувач, не ми е омилен (тоа место засега го има Мејбелин ејџ ривајнд) но за цената - препрепредобар е. Сакав да земам некој од Софт Мат кармините, течните, тие ги немам пробано. Стандард мат течните и Велвет Роуз веќе традиционално се одлични Имам два мат креони за уста, е тие би проширила колекција, ептен се добри за "на нога" шминкање
Мене ме интересира колкав е попустот на Hd коректорот и Soft matte кармините? Поточно кои се цените со попуст. Да си испланирам