За комбинирана и мрсна кожа не е никако, али за нормална и сува е сосема ок. Има некоја средна накај слаба покривност и не е воопшто тешка. И има флеш бек со блиц.
За новите Металс мат течните кармини да знаете дека ја суши устата и се прават како лушпи после некое време.
Јас го земав од Рамстор, нешто под 200 денари мислам дека беше. Многу е убав, прецизен и убава црна боја остава. Кога ќе се исуши е мат и не станува сив низ носењето. Презадоволна сум.
Тоа ме интересираше, фала ти многу. И цената е фина, ќе го земам дефинитивно. Ептен сум за нов туш, а кај овој ми се допадна четката. Само кажи ми дали се пресликува?
Не се пресликува, а имам прилично масна кожа. Штом до сега на топлото немав проблеми со пресликување од сега па ич
Која колекција од лаковите на GR ви изгледа најквалитетна во поглед на покривност и трајност? Конкретно некоја крем/млечно бела нијанса сакам.
Мене Golden Rose Rich Color Nail Lacquer ми се најквалитетни. За нијанси, веројатно е најдобро да ги видиш во живо, еве ја 91 на пример (сината е 92). или 52 можеби...
Најдобри ми се и мене овие. Имам лакови отворени со години и исти се како првиот ден кога сум ги отворила.
@LollySky @Mishela фала ви многу обично кога одам со намера да купам лак, ваква нијанса има од сите линии и не можам да се одлучам
Здраво Розе сакам да те прашам кое карминче од Golden Rose е ова што го носиш на сликава и која нијанса е? Преубаво е.
Што мислите вие за ГР течните, светкави сенки? Ја искрено сакав да пробам на есенс, метал шок, ама ми ги препорача овие на голден роуз. Е, сега...некако чудно ми мирисаат, текстурата им е убава и убаво се нанесуваат. 105 ја зедов, околу 160.
Јас сум задоволна од Silky Touch. Убаво матира, а нежна е и не го гипсира лицето. Дури и цената и' e супер, мислам нешто над сто денари е. За тие пари е супер.
@Mishela нема портокалова нијанса така? Имам страв од камените пудри веќе, не можам да си најдам соодветна.