Хд пудрата 1/5. Никогаш ни една пудра не ми се погодила од гр ама реков ај да и дадам шанса на новава слушав пофалби рецензии и тако даље и пак џабе фрлени пари. За моево мрсно лице со проширени пори ми го направи ужас.
Реално ХД е за комбинирано лице, матот или 2 во 1 во требало да ти одговара, ама се зависи и од кожата како прифаќа. Може има нешто во составот што не ти одговара. Убав ден
До составот е . Лореал катрис аура kryolan тренд ит ап ми легнале супер на лице а кај ГР сите пудри што ги имам пробано ист ефект.Добра цена штета што не е корисна
ХД коректорот не ви е некако сув, и не ви се собира во борите под очите откако ќе се исуши? @Mishela и @Rose96 ве тагнувам вас, оти чинам ве имам читано дека го користите. Баш вчера на рака ставив малку од тестер за да видам нијанса, и не знам дали беше до тестерот - можеби е од поодамна отворен па потсушен и затоа е сега таков, но само што го ставив на рака, уште неисушен, имаше некоја чудна, прашкаста конзистенција, па можев само да претпоставам колку исушено и „збрчкано“ би личел нанесен под очи, и поради тоа не го земав, а баш би сакала да го сменам Катрис камуфлажот со некој нов.
Јас го користам и сувичок е малку, пример мораш одма да го blend-неш не треба да чекаш пошо после тешко е се суши, пример мене ми одговара ама за сува кожа не е. Иначе најверојатно тестерот бил стар и затоа ти бил како прашкаст, мене ми се свиѓа и конзистенцијата и покривноста и не ми се собира. Баш ми се погоди после толку сменети коректори
Не е баш хидратантен и малку потешко се бленда ако се засуши, бара брзи прсти при нанесување, ама не е сув и не истакнува суви делови по кожата. До душа, јас го ставам само под очи и добар ми е, за таму ми е супер. Убаво ми покрива, осветлува, не се разлева и не се собира во борите околу окото. Многу е сличен како течниот Камуфлаж на Катрис, само не е толку течен и толку cakey како него. Барем мене не ми е, а со Катрис го имав тој проблем претходно. Не знам, можеби ќе ти се допадне. Немаш толку сува кожа за да ти биде тежок и сув под очите, барем како што паметам по пишаното.
Имам нормална до комбинирана (во Т-зоната) кожа, сега во претстојниве поладни месеци баш нормална без обилно мастење. Го користам течниот камуфлаж на Катрис за покривање на темните кругови под очите, но во последно време како да ми се презасити кожата од него па откако ќе го изблендам со сунѓерче станува некако cake-y и наместо да се впие во кожата изгледа... суво и неубаво. ХД ми изгледаше суво, но не е нешто скап па штом вам ви се погодил ќе му дадам шанса, бар нема да ми е мака за парите а ќе е добредојдена промена од Катрис. Фала ви @Leviosa2503 и @Mishela
@MagsDestiny Јас се колнев во Камуфлажот на Картис значи кога купував по 5-6 за да имам залихи недајбоже да не го прекинат од произвотсто и кога го пробав овој на Голден Роуз тој на Катрис не го ни барам. Мене не ми е сув и не ми се собира, многу е покривен и многу убаво изгледа на кожата. Некогаш го нанесувам со сунѓерче а некогаш и јас како @Mishela со прсти ама со никој друг коректор ваков хајлајт ефект не добивам. Е сега сите се различни ако за мене е супер незнам дали тебе ке ти одговара. Ама пробај го не е скап и да не ти се погоди нема многу да ти е жал.
Ги има о предобри се ако сакаш да ги земеш немој да се мислиш. Цена незнам можеш да им пишеш на страната на ig или fb. Дојдов да споделам за Total Cover течната пудра, воодушевена сум! Мислев да не ми е многу тешка дека е густа ама не, изгледа совшрено на лицето а најмногу ме изненади долготрсјноста. За drugstore пудра има многуу голема долготрајност. Се надевам дека деновиве ќе успеам да објавам рецензија и начинот на кој што ја нанесувам.