Фала ти. Значи ќе има време за уште еден список после Нова година. Таман да докупам коректор и камена пудра.
Девојки сакам да прашам за течна и камена пудра на голден роуз. Ми требаат да се со поголема покривна моќ, имам несовршености од типот ситни флекички од акни. Имам масна т-зона. Ве молам за предлози од двата типа на пудри. Ви благодарам однапред
Купив прајмер и на декларацијата пишува дека е произведен на 5/2015. Рокот му трае 12 месеци по отварање, нема врска што е произведен пред 3 год?
Па со оглед на тоа дека рокот му е истечен мислам дека има. Зошто не пробаш да го замениш? Едит: сега гледам дека си пишала дека трае 12 месеци после отворање. Тогаш не би требало да има проблем. Но ако ти е сега купен мислам пробај да го замениш.
Да ја пофалам минералната теракота пудра Камена пудра со сјаен ефект Ја зедов прво нијанса 04, ја пробав на цело лице и ми беше малку потемна, па ја зедов и 02. 04 има поизразен сјаен ефект, ама посветлата повеќе ми одговара на тенот за на цело лице. Преубаво изгледа на лицето, дава некој многу здрав сјај и свежина, и долго издржува на мојата комбинирана кожа. Може да се користи и како хајлајтер со поблаг ефект. Ја препорачувам на сите што не го сакате тој прашкаст изглед, а сакате поприродно, "dewy look". Само пофални зворови за пудрата
Сакам да купам камена пудра од ГР (мат) па има ли некоја која би ми ја препорачале или е само една? И која цена е?
Јас сум задоволна од пигментацијата на зелената сенка. Во комбинација со bouncy од колорпоп е совршена. 125 ден е 1 сенка.
Која е најдобрата маскара на Голден роуз? Најбитно ми е да ги издолжува трепките,да дава волумен и да има интензивна црна боја без да ги лепи предлози?
Јас ја користам розевата на Голден Роуз и сум презадоволна. Имам кратки и спуштени трепки, па со виткач за трепки и маскарава немам проблем со тоа. Ги издолжува и не ги лепи, единствено проблем е што се рони малку под очи ама лесно се средува. Имам пробано неколку маскари на Голден Роуз, но оваа се покажа како најдобра.