Од нивната козметика ги користам тушот за очи и палетите со сенки.Тушот за тие пари е предобар и веќе неколку години го користам ,а палетите исто така се ептен добри.Убави нијанси,не се бришат после 2-3 саати ,пигментација средна
Розевата маскара воопшто не ме бендиса. Не ја бидува. Се рони , се размачкува, ефект врз трепките нема ама баш никаков. Воопшто не ја препорачувам , лоша е!
За сега само маскара, и едно моливче од Класик. Да не знае некој перлите на ГР колку се ? Или пак да не имаат некое руменило, двобојно, како она на Флормар?
Го имам користено тушот, единечните сенки и сега ја имам црвената маскара, преубави се, многу сум задоволна.Исто така течниот коректор е многу убав, покрива се но многу кратко ми траеше
поголемиот дел од мојата колекција на шминки е од голден роуз имам руменило моливче маскара туш пудра течна и многу сум задоволна а што се однесува на туш го користам еден со тенка четка и убаво става во главно задоволна сум е сега сакам да си купам црвен и розев кармин и уште еден корал боја и уште една течна пудра.
Поголем дел од козметиката ми е од оваде и ептен сум задоволна Гледав денес прекрасен розев кармин ама не го купив, се надевам понеделник уште ќе ме чека за да го земам!
Прееска испаднав да барам руменило или бронзер на голден роуз, и ми го дадоа овој ми се виде убав и го земав, е сега на гугл пишува Bronze powder а на македонската декларација на кутијата пишува камена пудра :?.. Сега не ми е јасно, ова пудра е или бронзер?
Бронзер е, и по нијансите на потемно и посветло се гледа. Камените пудри се обично (велам обично зошто може и да има исклучоци), во една нијанса.
Очигледно е по бојата дека се работи за бронзер. Ова е далеку од камена пудра. http://beautycosmetic.biz/images/DeborahTrioHiTechEyeShadow.jpg Во ДМ Маркет видов вакви сенки (ама со 4 бои), од Голден Роус. Изгледаа прекрасно. (Не можев да најдам слика на интернет). Колкава им е цената и дали се убави? Многу ме интересира, тогаш немаа цена, и во брзањето не прашав.
Користам и скоро сите шминки ми се од голден роуз Бев пред 2-3 дена и си изнакупив многу работи Течна пудра , камена , руж ... И ја купив маскарата што им е на попуст сеа од 400 на 250 мислам дека беше и многу сум задоволна
Маскара од голден роуз 400 денари?? Се прецениле малку поише. Порано бре по 100-1500 беа максимум, која е таа од 400 на 250 денари синамната, баш ме интересира
^ Да не е некоја грешка ценава? Прв пат слушам да има маскара на Голден Роуз што чини 400 ден. Баш пред некој ден си ја купив златната х4 за 100 ден. И водоотпорната е толку отприлика. Не знам каква би можела да биде таа од 400 ден. Едино да не е оваа 3D
^ Нема шанси да е толку 400 денари една маскара,инаку оваа 3Д црвенава баш вчера е видов во една парфимерија 180 денари беше.
Ана, незнам јас ова го прочитав и од тука видов. Долго време не сум купила од тие, мајка ми ја зима онаа тегетот, 80 или 100денари е. Другите не им ги знам, се смениле некои опаковки. И која и да е, незнам колку е вредна 400 денари да е, па и 250 денари е многу. На гош маскарите има се по 300-400 денари. Не се лоши вака за преку ден, таа тегетот ми се свија ама премногу се суши, пребрзо. За месец дена е веќе сува Што не е случај со поскапиве маскари.
^ Поназад во темава Мишела и Марама мислам зборуваа за една маскара од ГР што е окулу 400 ден. Солиден ефект дава колку што можам да забележам по сликиве од нет, ама па за тие пари мислам дека има многу поубави. Инаку еве ја маскарата.
Јас последно ја купив минерална пудра 310 денари е и многу ми е добра, ептен природен изглед дава на лицето