Јас воопшто не сум задоволна од розевата маскара. Не ми ги издолжува трепките воопшто и по 3-4 часа во долниот дел веќе почнува црно да остава. Големо не.
Ја користела некоја маскарава? Дали навистина дава ваков волумен и нормално - цена и дали се пресликува? Ми се допаѓа четката.
Јас ја имам, мене не ми се допага воопшто, ми ги слепува трепките, се пресликува , цена не паметам точно зашто на попуст ја зедов пред скоро една година. Мислам помалку од 200 и беше редовна цена.
Епа ете се гледа колку сум фан на нивните маскари...тотално во тек со сите новости. Штета, преубаво изгледаа и четката и амбалажата. Се откажувам значи од нивните маскари, ништо не ми се погодило досега.
Јас ја имам одамна купено, цена околу 200 денари. Мене ми одговара, од едно ставање ми ги прави долги и густи трепките. Јас и онака имам долги трепки ама оваа маскара убаво ми ги истакнува. Мене ми е добра.
Пудрата е многу убава јас имам комбинирана кожа ,не би можела да кажам колку е покривна затоа што имам прилично чисто лице .
Јас ја имам и пудрата и коректорот. Пудрата е средно покривна, трајна 8+ часа и ја користам без камена пудра. Од коректорот сум задоволна, се пожалија членки им се скинало сунѓерчето но јас немам таков проблем. Го нанесувам па со друго сунѓерче се тапкам и ставам банана пудра и ми стои цел ден. За секој ден е одлична. Чекам и јас некој попуст за да ги набавам пак. *Имам комбинирана кожа.
Немора да е ГР, земи си тренди розова... најубаво ми ги прави 190ден големи, волумен со еден збор преубај