@Fatalnata @Mishela редовна цена на палетата е 860 денари, јас ја купив на попуст. Боите се многу убави, пигментирани и лесни за сенчање. Има две кои се потешки за работа ама ништо страшно. Од кога ја купив не престанав да ја користам. Во темата Вашата шминка имам неколку слики со оваа палета (софи си ја викам).
Па на попуст би била околу 700 денари, што за таква елегантна (баш ми е fancy палетата) палета и плус четката која е баш употреблива и не е од грдите апликатори со сунѓерче, баш се исплати. Фала ти. Очекував да е најмалку 1000ка не знам зошто. Ќе чекам и јас следен попуст. Не дека ми треба палета, ама боите се преубави и немам вакви па мала промена е и повеќе од добредојдена.
Леле ја видов сликата на Фатална пак, нема. Значи јас некоја друга сум гледала по нет со слични тонови, ама којзнае која била, слична металик кутија беше. Со среќа да ми е потрагата сега. Ама ќе ја чекам на попуст и оваа, ако не ми текне која била другата несудена палета.
Ги има некоја пробано, колку им е цената? Ми требаат суптилни светки, ама пак да има сјај. Би можела да ги најдам во голден роуз ама во сити мол, на штандот?
Јас кога ја користев имав мрсна кожа и воопшто не ми одговараше, светев како лампион уште пред да излезам од дома. Пудрите во стик се општо потешки бидејќи се погусти, па мене лично не ми се допаѓаат. Али ок е пример ако земеш темна нијанса за контурирање.
Женски дали има некое инфо за попусти периодов? Ми треба пудра за дневна потреба, бидејки пртходната што ја зедов ми е за нијасна потемна и на ми изгледа убаво денски кога ја носам. Оваа по можност мат бидејки имам комбинирана накај мрсна кожа. Која би ми ја препорачале?