Женски од Metals Sculpting палетата, како сте задоволни? Дали доаѓа само во една нијанса или има потемна и посветла? На слики гледав swatches и ова кафеното за контур на некои слики ми мава на портокалово а на некои поприродно кафеаво . А баш ради контурот планирам и хајлајтерот сакам да ја купам. Колку и е редовната цена да не знаете?
Дали важи и во маркетите што имат катче на Голден Роуз? Има ли некој корисено од маскарите на Голден роуз, добри ли се?
Има нови нијанси од течните кармини на ГР не знам дали ги има во Мк ама ако пробате кажете какви се боите
Дали може некој да ми препорача убава маскара? Ја користев розевата 3Д, но повеќе ја нема. :/ Ја земав да ја пробам црвената исто 3Д, но многу е лоша, дури и се прават како мали грутки при нанесување и премногу лоша четка има. Ми треба некоја за издолжување и за волумен.