Сè уште не ми е јасно зошто толку многу девојки не го сакаат голден роуз и хо ставаат на рамниште со шминка од пазарче? Мене искрено едни од подобрите а поевтини продукти ми се од таму , за ништо не сум се покајала што сум купила. Мислење за ова?
Можеби така беше пред неколку години, кога имаше малку производи со помал квалитет, па останало тоа дека се како пазарските. Сега имаа широка палета на производи и далеку подобрен квалитет, и пак со солидни цени, достапни за сите. Се согласувам со тебе, и јас сум многу задоволна од голем дел од производите што сум ги купила.
Јас користам пудра, кармини, маскара, моливи за усни, молив за веѓи, коректор и сум презадоволна. Порано не купував пудри на голден роуз кога беа по пазарите од други причини.
Дали некој го има користено прајмерот за матирање што е? Дали навистина матира, дали ги измазнува порите и дали го суши дополнително лицето, едноставно дали вреди да се проба
^^ Да. Да. Да. Не. Да. Трошам можеби 6-7 пакување од него. Мене ми е одлично. Често и на попуст се наоѓа.
Одличен, најдобар од сите што сум ги користeла. Шминката ми ја држи на место баш како во моментот да сум ја нанела, ги стопува прашкастите продукти со останатиот дел од шминката и изгледа како кожа. 10/10 Го купив 200 денари од локална парфимерија.
Предлог маскара ? (Да се искористи максимално попустот) Бтв мини маскарите дали некој ги користел? Вршат ли работа?