Таа најдесно, но кас не можам никаде да ја најдам. Доколку некока знае каде ја има нека пише. И таа најлево не е лоша.
Здраво девојки. Дали сте користеле бел лепак за трепки на golden rose, како сте задоволни и која цена е? Исто така ме интересира дали прајмерот го ставате како замена за крема, пред да нанесете крема или откако ќе намачкате крема на лицето? Се мислам дали да си земам фиксатор или прајмер на golden rose, меѓутоа не знам каков, па би ви била благодарна да ми кажете од кој производ сте позадоволни? Што е подобро за поиздржлива шминка, да не ми свети лицето? Благодарам.
Стигна ли Nude колекцијата кај нас? Каква е оваа убавина и колку пари е? Сакам да си го купам ова, многу ми се практични вакви 3во1 кутивчиња, па и мало - топ.
^^ Дали пушта боја чудово, мразам baked работи затоа што по некое време треба да ја гребам површината и да пушта боја. Иначе примамливо изгледа и практично.
Да јас користев бел лак за трепките од ГР и сум задоволна океј е, цената од веб страната мислам дека беше 195 ден по што од таму нарачав заедно со други шминки. Прајмер користам многу ретко и не ставам крема пред тоа. А фиксатор користам многу...особено во летно време, и ти препорачувам да си земиш фиксатор и ако тие се две различни нешта фиксаторот и прајмерот. Фиксаторот е баш за летно време.
Ок козметика за цената,само црвените нијанси на кармини им се катастрофа,не конзистентни. За краток период,усните наликуваат како да си ставила ајвар.
Некој што ја пробал новата течна пудра од Nude колекцијата? Ми се допаѓа што е moisturiser наместо класична пудра, па ме интересира дали освен што хидрира има некаква покривност.
Здраво дали некој има користено некоја пудра на Голден Роуз и дали е задоволен од неа да ми препорача?
Јас го користам моментално ова Radiant Tinted Moisturizer и многу сум позитивно изненадена. Од кога го имам течна пудра немам нанесено. Супер покривност има изгледа ептем природно. Има 3 нјанси само ама се адаптираат ептем на кожата. Ќе објавам рецензија на инстаграм и swatch од нијансите па ако сакате следете ме таму. @beautyblogbyazize ми е профилот.
Па е сјајна ама не како со масло да си намачкан него баш убаво изгледа. Мене кожата моментално ми е нормална па од навика си нанесувам дневна крема што си ја користам секогаш во помала количина. Ако то е мрсна кожата можеш директно да ја нанесеш.
Извинете но не знаев каде да го поставам прашањево,каде во околина на Аеродром Ново Лисиче,Бисер има продавница на Голден Роуз? Во Бисер ја затворија пред неколку месеци