Од овој бренд имав користено лак за нокти, океј беа. Од шминка маскарата е преубава а кошта само 100 денари. Има и едни кармини течни мислам од скоро се појавија и тие ми се допаднаа до сега 2 потрошив.
Јас го користам, бронзерот не е многу интензивен но сепак за дневна шминка е одличен, за вечени излегувања сакам појако нешто ( инаку сум тип што сака јака и нагласена кафеава контура ) руменилото е супер НО хајлајтерот е ПРЕДОБАР , таква пигментација има , сепак сум многу задоволна од оваа палета и многу ми е практична при патувања имам три производи на едно место
Го купив и јас. Највеќе прашав ради бронзерот. Мислев дека ќе остава некоја портокалова нијанса на лице, но се покажа добро. Убаво и практично
За таа цена се ок, ама кармините во последно време како да им ги упропастија. Имаат многу убави бои ама приметувам дека премногу ми ја сушат устата, и тоа во летниот период а на зима има партал да ми стане. Претходно сува уста имав само од било кои мат кармин, сега од овие имам многу сува уста, и околу устата како засечена ми се прави и ме боли, затоа ги откажав. Лаковите се добри со оглед на цената, а маскарите премногу брзо се сушат.
https://www.sminka.mk/outlet Моментално има мн добар попуст на палетите на Револушн, буквално на 50% се по 365ден. Има некои што ги користи? Која според вас е најпрактична и има најубави нијанси
Јас ја имам оваа и сум задоволна само ретко ставам сенка за секојдневна шминка па не ја користам често.Иначе пигментирани се.За тие пари е океј. Има и 2-3 хајлајт нијанси.
Нема на залиха од повеќето палети. Јас ја сакав чоколадната, не верувам пак да добијат на толкав попуст.