Јас ја имам Affirmation и Night renessanse и мислам ги има на залиха двете, пигментацијата одлична има и мат и со светки во нијансите, во принцип преисплатливи особено вака на попуст
Ако може некоја што ја има палетата на Револушн velvet rose да ми ја слика за да видам како реално изгледаат боите. На јутуб со сите светла изгледаат мн поразлично од сликите на нет. И дали знаете дали ја има во продавниците на ГР или морам да ја нарачам?
Мене ми се пресликуваше доста. Од ГР би ти го препорачала винил тушот. Го користев и летото кога беше навистина топло и немав никакви проблеми.
Мене ми е супер покривност слаба како и повеќето бб креми што сум ги користила ама ако ми го изедначува тенот и дава баш убав сјај на лицето. Јас сум мн светла и ја имам налсветлата нијанса и некако мислам дека ми е светла па сега наредно ке ја порачам медиум. Од мене искрена препорака
Нема, а ко што знам и во Бисер нема од скоро. Во СЦМ, ГТЦ и на автобуската кај Ла Делишс мислам дека има само.
Каде можам да ја најдам палетата на Мејкап револушн velvet rose? Бев денес во ГР во ГТЦ и ја немаа, а ја нема ниту онлајн