Доколку има ваква тема слободно оваа нека иде во канта. Дали сте за голема свадба со сите обичаи, или пак мала свадба со вечера матично и црква? Вие мажените дали правевте голема свадба, или пак мала? Вие немажените дали сакате голема свадба, или пак мала? Јас и дечко ми отворено си зборуваме за оваа тема и се имаме договорено кога ќе дојде време за брак дека несакаме голема свадба, сакаме само матично, црква и оние најблиските браќа, сестри на вечера или пак ручек. Татко ми се согласи со ова, но мајка ми вели дека сака свадба бидејќи сите нејзини роднини правеле свадба. Јас и имам речено дека нејќам свадба од една причина тоа што, нејќам роднини што не те ни познаваат и се гледате само од свадби на свадби, ама битно мора да ги има на свадба и после ќе зборуваат ова вака било, тоа и се свиѓа, друго не. На дечко ми родителите и они го подржуваат нашиот избор. И плус ние секако сакаме и во матично да се венчаме и во црква. Доколку се прави голема свадба ќе потрошиме 10 000 ерва. Да, ние ќе си ги врнеме тие пари делумно, али пак нашите родители нема да ги имат. Поарно со тие пари ќе си дигнеме спрат и ќе имаме за цел живот наше куќно место, него ли да ги потрошиме тие пари за 15 часа.
Доколку сте во ситуација да одбирате дали со тие пари ќе правите свадба или ќе си дигнете спрат, дефинитивно најпаметно е мала свадба и спрат за вас. Иначе, јас сакам голема свадба. Многу гости, многу музика, многу обичаи, многу веселба. Искрено не ми е гајле кој ќе канат моите, до 15то колено ако сакат, луѓе што во живот не сум ги видела, воопшто не ми пречи. Крај краева најверојатно тие ќе ја плаќаат а тоа им е единствено право што го имаат, да си викнат кој сакаат. Нормално и јас ќе си викнам друштво колку сакам. И ич, ама баш ич не ми е гајле што ќе зборуваат после, дали им се допаѓало или не. Моја веселба, мој ќејф, битно е мене да ми се допаѓа.
Никогаш, дури растев и одев на свадби неможев да се замислам да бидам невеста која е дел од голема свадба, секогаш ме плашела идејата и мило ми е што ете сега знам дека сакам мала свадба, со најблиските роднини и пријатели, најтесно и најмалку што можи, или пак само матично и црква, и најмило ми е што таа мисла ја делам со дечко ми. Најдобра свадба на која досега сум била, била во бар, кај пријатели каде бевме присутни само најблиските пријатели не повеќе од 20тина души, башка дома го имаа собрано најблиското семејство. Подобро и не би можело да биди. Неќам да одам и да бидам одвлечкувана на свадби на роднини кои не ги познавам и за кои неможам искрено да се израдвам и од таму неќам на моја свадба да имам роднини кои не би се радувале искрено за мене. Барем кои ни се блиски во животот сите си знајме.
Секогаш сакав мала свадба. Кога дојде ред да се прави беше невозможно да се избегне голема свадба со сите церемонии. Сега ако ме прашаш - уште пет пати да се мажам, пак сакам иста таква голема свадба.
Јас, да бидам искрена, не ни сакам свадба. Едноставно не ја гледам смислата во тој еден потпис. Но, кога веќе размислувам на таа тема, а невозможно е да не се размисли, би сакала да е што е можно помало и поненатрупано. Едноставен фустан, мала прослава со стриктно најблиските, и без милијарда обичаи. Самата помисла на сите тие обичаи и церемонии, па фустан од 300 слоеви, па гости од кои 97% прв пат ги гледаш, роднини до 19. колено за кои не си знаел ни дека постојат а кои дошле само да се најадат и да пукаат сеири и маани на твој трошок, илјадници бесполезно фрлени евра... од сето тоа косава од глава мислам дека ми бега. Моите го делат истото мислење со мене, а доколку некогаш најдам некој со кого ќе сакам да влезам во брачна заедница, се надевам дека ќе го дели мојов став, зошто јас прескапи огромни непотребни прослави нема да трпам.
Јас сум за мала свадба со мал број на гости. Само најблиските. Таква правев. И не беше класична свадба. Не сакам адети од типот одење по невеста, буткање врата, кршење на погача, јадење кокошка, и сл. Не носев ни венчаница, туку бел свечен фустан. Излеговме од заедничкиот стан и директно отидовме во матично, па после тоа во ресторан. Во црква не се венчавме.
Искрено, да сум некоја си богаташка, има фустан да шијам, сите на г'з да паднат. Па салата цела со завеси и цвеќиња, свеќи, па прво една музика, па друга, па ди џеј. За јадење закуски, па ово - оно, па торта повисока од мене. И плус по некое поклонче за гостите. Али не сум, и затоа само матично, и прослава за најблиските, најверојатно во ресторан, или пак ако ми дозволат условите дома, на лето во двор. Све сама ќе си декорирам, најубаво ќе ми биде! Во глобала, ако некој може да си дозволи, слободно. Ама кредит да кревам за свадба, колку да не ме зборат роднините, ма дај не ме јеби. News flash - секогаш ќе се најде нешто да те оговараат.
Ни голема ни мала туку средна свадба Ако веќе се решиш за свадба,ресторан не менува ништо дали ќе поканиш 50гости или 100.Ресторанот е најмал проблем. Обичаите,адетите,црква,матично е тоа што одзема многу време а богами и пари за спремање. Ние планиравме мала свадба до кај 100 души заедно.Ама кога ќе седнеш на маса да правиш план и тоа што си планирал претходно не е ич исто. Неможеш некого да поканиш,некого не.Не е убаво да си ги делиш роднините и да бираш кого ќе канеш.Секако не до трето четврто колено но оние најблиските. Тетки,први братучеди наши и на родителите. На крај излезе дека сакаме сите мили луѓе со кои комуницираме редовно да бидат дел од тој ден. 200+ гости имавме и беше преубаво. Не сте свесни колку е убаво кога ќе видиш толку луѓе како се дојдени за вас,како се радуваат со вас,душата и срцето ти се полнат. Пак да се омажам исто би постапила и остите луѓе би ми биле гости. Некогаш и јас бев против свадба а татко ми ептен несакаше,ама кога дојде ред за нас чуството е прекрасно тоа се случува еднаш во живот ако имаш можност зошто да не го одбележиш тој ден од кој ќе имаш спомени за цел живот. И на крај пак ќе кажам секој нека прави како сака и мисли,сите сме различни и треба сами да одлучиме што сакаме
Значи никогаш не сум била свадбарски тип, имало случаи каде било наведени моите родители со се деца па јас да не сакам да одам ради други обврски. Никогаш не сонував да бидам незнам ти каква невеста. Сакав убава vintage хаљина и некако срцево ми мечтаеше за бидермаер од убави нежни жолти рози. Сакав мала свадба на местото кадешто се запзнавме околу 30-50луѓе, сакав венчавка во црквата до која буквално живеам а цело друштво ме зафркаваше за тебе од дома до црква маж ти трошок ич нема да има. Дечкоми сега маж знаеше дека нејќам гоолеми помпезни прослави ама брат му имал таква со 500гости и за нас намалија на 250 гости од кои само 30тина беа мои а другиве се непознати за мене. Свадбата беше во градот од каде потекнуваат иако не живеат таму,ама ете за комшиите да речат. Не ме земаа од дома. Дека во очи свадба ми направија веридба и ме однесоа кај нив во другиов град. Таму ми се даде невестинскиот кој само на слика ми беше понуден да изберам кој од 2слики,нарачка на свекрвами од наша прескапа дизајнерка,која го сошила свекрва ми од слика што и дала и мене мерки што ми праша да и дадам за вереничкото па испадна хаљина ми сошила. Бидермаерот она го купила преубави шампањ рози, накитила со асгенција се по нејзино салата. И иако беше преубава свадбата ,а и музиката она ја бирала се исто ко со бате,, тоа не беше моја свадба. Се осеќав како најмена манекенка што глуми невеста. И ден денес неможам да си простам што дозволив така да испадне.
Јас не ни саκав да пρавиме свадба. На маж ми му беше сеедно. Договоρот беше да се ρегистρиρаме во матично и да отидеме на ρучеκ во ρестоρан само ние, ρодителите, бρаќата/сестρите со семејствата, κумата и стаρосватовите. Ама татκо ми инсистиρаше да пρавиме свадба. Јас се согласив, ама условот беше да биде мала свадба и да не биде κласична.
Сите различно го поимуваат тоа голема и мала свадба, за некој голема свадба е и ако канат 50 души а џебот им е тенок а за некој мала свадба се и 200 души. Јас лично сум негде измеѓу. Не сакам свадба со луѓе што ги немам видено пола живот, напротив сакам со најблиските кои знам дека навистина ќе бидат среќни и ќе се радуваат со мене на тој ден. Но не ги сакам нашите традиции. Не ми се допаѓа тоа зимање од дома на невестата, не ми се допаѓа тоа вртење оро у маало додека сите комшии зјапаат у тебе, во црква посекако нема да се венчавам, чак ни матичното не ми се допаѓа кај нас па би сакала регистрацијата да биде во ресторанот во кој ќе ја правам прославата. Самата прослава би била повеќе како коктел забава со некој убав џез или Френк Синатра во позадина него запотени мишки на оро. Лично во принцип не ми се допаѓа македонското поимуавње за свадба со сите традиции, дарувања и спремања. Многу битно, на поканата за свадба нема да ми пишува поклон во плик. Каква ќе биде свадбата вие сами ќе си одлучите согласно вашите потреби и финансии. Нормално нема да праите голема свадба ако истата не можете да ја платите. Јас лично од париве што си ги имам собрано као наводно за мојата свадба вака кога си размислувам преби да ги дадам за да си го опремам живеалиштето неголи на раскошен фустан, шнимка, фризура, бовчи праење и остали глупости.
Еве да чуете, односно прочитате и едно машко мислење на темава. Искрено јас би правел свадба. Скромна свадба без триста адети и чуда. Работи од типот кај мене дома музика, јадење и пиење, па после ајде со музиката по невестата и таму истата приказна со невестата - не, фала. Па после со музиката пред матично ко што има некои свират, играт на сред улица и го кочат сообраќајот и тоа не доаѓа во предвид. Адети. Адети од типот месење погачи, па одење по невестата, па буткање и пари фрлање по невестата, па фрлање ориз на кровови за мене се чиста глупост. Ниту пак знам што значи тоа фрлање на ориз, ама знам дека некои луѓе немаат што да јадат, а други фрлаат по кровови. Јас сакам современа и скромна свадба. На пример, би станале некаде околу 10-11, спремање ова-она и директно јас и таа да си одиме во црква или матично (не знам каде прво се оди). Ем наспани, ем одморени ќе бидеме за вечерта. Или пак дома може да направиме коктел забава само со најблиските, па потоа да бркаме работа. А, не ја дома мајка ми ќе ја замарам со кифлиња, пршути и не ти знам што. Место жената да одмара, таа садеви ќе мие. Никако. Гости. Гости не сакам до 12165 колено. Не ми требаат. Исклучиво само најблиските. Роднини кои прв пат во живот ги гледам нека си останат дома. Фала. Музика. Не сум кафански човек, ниту пак сакам такви музики за вино и ракија. Така што по автоматизам такви песни и песни од Цеца и компанија не доаѓаат во предвид. Свадба ако треба нема да правам, ама таква музика на моја свадба никако. Се сеќавам една феминка некаде прочитав дека со нејзиниот, сега веќе сопруг, не сакале ваква музика и наместо во ресторан правеле свадба во диско. И супер идеја е. Поздрав до неа ако чита од некаде. И сум се распишал и планови сум напрвил небаре ќе се женам уште малку.
Во оваа реченица лежи парадоксот на нашето окружување - не секој одлучува според длабочината на џебот. Знаете, како беше онаа - човечкото око е лакомо и ненаситно. Особено кога се работи за свадби и покажување пред народ колку се може. Немаат сол во очи, ама свадбата дигната на кредит, со 500 души и со сите нишани. После неа, 10 години со прстот в уста. За таков профил на свадбари зборам. Што се однесува до мене, јас сум алергична на свадби, ора и чочеци. Ама буквално, ми се крева секое влакно од косата и добивам преплет црева кога постарите генерации од потесното семејство ми зборат на оваа тема и како ќе играле ора, кој колку ракии ќе испиел, како ќе ме мажеле и што ти знам. Не сакам венчавање во црква и не сакам да има било што од оние апла свадбарските обичаи. Леле колку не можам со такви работи. Само потпис во матично, кратка коктел-забава со најтесното семејство и толку. Дури сеедно ми е и дали ќе имам венчаница, сакам кежуал фустанче во мој стил. Дечко ми вели дека сака максимално да избегне вакви процедури накалемени од традицијата, па очекувам да ме „украде“ на непланирано, да ме однесе на некоја планина и таму да потпишеме и да си кажеме „да“. Е ова би било свадбиште за паметење, а не запотените братучетки на мајка ми и татко ми како ми играат пајдушко или ми липаат на „Черешна се од корен корнеше.“ *смајлиштосеонесвестува*
Дa се нaдoврзaм сaмo. Се сoглaсувaм, aмa буквaлнo сo сè штo кaжa @Mishela . Нaместo тие пaри зa свaдбa, фустaни и oделa дa се дaвa мoже тие пaри дa се искoристaт зa убaв oдмoр и нa плaжa кaкo oд сoништaтa дa кaжеме пo еднo "дa". Дoвoлнo ми е.
Голема свадба не баш, со блиските роднини, ама со сите церемонии Да ме видат комшиите колку убава невеста ќе сум, да лупнат тапаните во двор, да имаме за сите посебно ракија, а не сите од исто шише да пијат Мене нашите адети ми се убави и посебни, иако знаат да бидат многу исцрпувачки. Цел ден свадба од рано утро до следно утро не е лесно. Меѓутоа, се тоа некако многу убаво ми изгледа и би сакала таа традиција да ја негувам доколку имам можност. Штета што веќе младоженците не ги китат со пари Не, озбилно, и тоа китење венец неколку дена пред свадба, на сите братучеди и братучетки го правевме, навистина убаво беше и би сакала и нивните деца да бидат присутни кај мене. Освен пари за невестата, тоа не ми се допаѓа. Па татко играорец, кај бива свадба без оро Како и да е, којзнае што ќе биде и како ќе биде, здравје. На крај може и нема да се омажам воопшто
Се изнасмеав. Јас правев скромна свадба, со мн малце гости, без никаков адет, само со потпис во матично и мала прослава после тоа. Ни класична венчаница немав, туку обичен розов фустан.Кум и старосват имавме пошто кај нас одат по некоја традиција и однапред се знае кој ти е кум, кој старосват, колку да имаат некоа улога се потпишаа ко сведоци. Роднините на моите на неговите одпосле дојдоа дома, демек тие одела на свадбите на нивните деца па да им направат чест. Со оние што беа блиски коа ќе се најавеа одев и јас да поседам малку, ипак ради мене дошле, за дургите шо едвај ги знам не се ни замарав, не ми значат.
буквално, ама буквално се сложвам со тебе! ја попрво би кажала ДА на плажа со ич луѓе него во матично пред некој си таму шо ми бил "роднина" од 1236536161 колено а првпат го глеам уште па музика на цеца....не иди во предвид а ти шо прашваше, да си напрајш мало скромно свадбиче само со најблиските и ручек и да си соберите пари да си крените спрат или за некој салам меден месец ја така би напрајла а замисли и јас прам планој синкир се зеам за 2 месеци
Jas + toj Na nekoe zafrleno mestence... na primer tuka Ke si kazeme DA .. Pa ke se prefrlime tuka na vecera... Pa ke se vratime vo MK ... I vo nekoe manastirce ke si go isterame adetot... Roditelite, brakja/sestri .. kum, kuma, starisvatica+mazot... A "gostite" sto mislele deka ke gi kanam, neka cicaat prsti ..i neka si sedat uste nekoja godina so misla deka ke pravam veselbi nekogas i deka ke gi kanam..bozem ke se premislam Svadba ... epten dobar biznis e..ama za restoranite
Секој има право да одлучи каква свадба ќе прави, ама не можам да ги разберам оние што подигнуваат кредити за да направат свадба. Или оние што се задолжуваат некаде. Ама некогаш и децата се виновни. Знаат дека нивните родители немаат пари и упорно ги тераат да им направат свадба. Тоа се неблагодарни деца. Братучетка на моја другарка инсистираше да прави свадба, а нејзините едвај сврзуваат крај со крај. Мајка и работи за мизерна плата, а татко и е невработен. За да и го направат меракот, позајмуваа пари од роднини и пријатели. Оттогаш поминаа скоро 6 години, а тие уште ги враќаат парите. Битно госпожата направи свадба. А нејзините нека мизеруваат. Кога решивме да правиме свадба, сакав да присуствуваат само најблиските роднини. Не сакав на свадба да ми дојдат ојлевци-дојлевци коишто не сум ги видела одамна. Венчаница не сакав да носам. Не ги сакам класичните венчаници и затоа се одлучив за свечен фустан. Свадбените адети ме заморуваат, така што одма отпаднаа. Сабјлето откако станавме се истуширав и отидов на фризер. Кога се вратив јадевме и ги чекавме неговите да дојдат. Се напивме по едно сокче, се облековме и тргнавме накај матично. Моите не чекаа пред зграда. Гостите доаѓаа директно во ресторан. Супер беше. Сум била на класични свадби и сум рекла дека такво нешто не сакам.
Ова како јас да сум го пишувала, од почеток до крај Освен коктелот...кај нас бидна журка! Мразам кога треба да одам на свадба зашто знам дека се класика исти сите како јајце на јајце. За оро не станувам, си преседувам покрај храната па и ако немам добро друштво до мене за муабет, свадбата ми е цела вечност!