Голема или мала свадба... Традиционална или модерна... Адети или журка Каква свадба е „исправна“ ? Секоја свадба треба да биде таква, ама баш таква, како што си ја замислуваат „главните ликови“ на свадбата - невестата и младоженецот... За свадба се важни неколку работи... Младенците да се сакаат, цело време да се насмеани, среќни да се држат за рака и од време на време да си споделуваат по некој бакнеж.... Не е важно колку гости има, има ли звучно име ресторанот или пак музиката коштала јухухууу... Не е важно дали биле поканети сите роднини до 10-то колено, а најмалку важно е дали свекрвата и бабата биле налицкани Мојата свадба беше пред мнооогу години... И беше скоро традиционална... Одење по невеста, матично, црква, ресторан... Но, за тоа време беше „модерна“ Немаше буткање на врата, немаше китење на зетот, немаше „бацување рака“ т.е собирање пари по маси Имаше над триста гости, многу храна, музика и ора... Криво ми е што немаше рок, ама во тоа време не беше ИН Венчаницата сама си ја одбрав, ми ја шиеше по мерка позната дизајнерка од тоа време, фризурата ми ја направи фризерката што ми беше испробана од претходни „дешавки“... Шминката и ноктите... Мое дело, во тоа време сите сами си се шминкавме и лакиравме Само бидермаерот ми беше... Немам зборови ... Адет било да го купи кумата ПС Венчаницата и ден денес е модерна... Сеуште ја чувам... Штета што немам ќерка... На снашка не би и ја понудила Идни младенци... Направете свадба која што ке Ви остане во сеќавањето заради убавината на настанот
Мала интимна свадба до 100 гости вкупно. Не ни тогаш не е баш интимна, ама сепак сите гости ќе бидат одбрани. Најужа фамилија без втори братучеди итн кои не спаѓаат у нив. И секако друштвото ќе си биде одбрано. Само што мене најужа фамилија ми 30 гости, а со деца се 40 скоро. Дм скромно со 15-вче. (укупно...) Не сакам обичаи... Дундурлашки... Строго матично и во ресторан (убаво би било таму да дое матичарот) и да биде од јутра до сутра веселеење. Свадбичка на отворено. Дм да ме земе со мотор, а брат ми или татко ми да ме испратат до него, како што е редот. Една мала вожња низ градот и на потпишување и веселаци. Девојачко обавезно, ако не ми организираат, јас све ќе си средам. И китење на врата (венчето што се става) и погачата секако. Све у свему така сакам. Братучетка ми имаше таква свадба на Матка (црква, матичар и ресторан). Супер си поминавме... Не сум многу многу традиционална... п.с. Може и она: Преку прстен те гледам, срце вечно да ти влезам (или како беше?) п.п.с Строго забранета песна: Доста време еген одев!! Да ме стрефи љубомора хаха
Сакам мала свадба на отворено со бенд. Не мора многу мала да е не ми е битна големината колку што не сакам оние обичаите да ги правам. Кај зетот па кај невестата па парите во чевлите па не знам штоооо. Мене лично ми е многу глупаво тоа. Регистрација со најблиските и забава кажав како.
Отсекогаш сум сакала голема свадба а тоа што ми било најбитно било да си бидеме скоцкани со младоженецот да си поминеме најубаво и да имаме многу слики кои што ќе ме потсетуваат на тој ден. Но со тек на време се смени само тоа што сега не сакам голема свадба,туку што е можно помала со оние личности кои што ми значат,а не со некој што не сум го видела со години,па утре да ми коментира што како било.За сеир луѓе не викам. Традиционални свадби не сакаме,адетите па ич,нити пак ја сакаме таа музика,повеќе сме за некоја журка со латино,хип хоп и таква музика А и тоа што пишала @Dust ми фаќа око
Прва опција: Само јас и тој на Малдивите, тајна венчавка Втора опција: Јас и од моја страна-4 луѓе, а тој од негова страна, покрај родителите, тоа друштво од 10-тина луѓе кои ги познава цел живот и е приврзан за нив Свадба во некој ресорт на тераса, летно време, со скаричка, коктелчиња, музика за размрдување Адети во ниеден случај ниту пак гости што не ги познавам Во некој паралелен универзум би направила голема свадба во замок, со класична музика, Andre Rieu да свири, да носам раскошна венчаница од Мурад и да биде запазен секој детал, меѓу другите, за гости би викнала некои од луѓе од светската сцена на кои им се восхитувам Свадбата би била во некои кралски размери и тук-таму може некој протокол да се запази
А госпожата штом толку сакала свадба,работи нешто? Што се’ нема да се појави. Да бев јас на нејзино место,ќе си заработував и ќе си штедев и со МОИ пари ќе си направев свадба. Нормално не голема,ако не ми е длабок џебот. А претходно ќе си купев стан. А не да ги ставам родителите во незгодна ситуација,јас да се веселам,а тие и години после свадбата да се на просјачки стап. А сега и јас да си кажам мислење. Ниту јас не ги сакам големите свадби. Од нашите обичаи некои ми се допаѓаат,некои не. Ама се преисцрпувачки и затоа би ги скокнала. Бројката би сакала да ми биде максимум до 100,што нема да биде можно кога ќе дојде време и јас да правам бидејќи мојата фамилија е голема. Таа со 100 би ја нарекла средна кон голема,ама не е важно. А плус би ги канела и блиските пријатели. Ако неговата не е толку голема колку мојата,можеби ќе биде изводливо тоа. Би носела или едноставна венчаница или свечен фустан. За музика,би сакала да има повеќе забавна,ама и ора за моите родители,тетките,вујковците да им го направам меракот. Па не е фер тие да ми исполнуваат многу желби,а јас ним ниедна. А турбофолк не доаѓа предвид. Земање на невеста,кршење погачи,триста чуда не би сакала да има. Па исцрпувачки е. Или пак уште поубаво,да си отидеме на некоја подалечна дестинација и таму да си кажеме ДА. Подобро малку луѓе да присуствуваат или ниеден,отколку премногу од кои 80% ќе озборуваат и лажно ќе се радуваат.
Само во Македонија е нормално да имаш МАЛА И ИНТИМНА свадба со 100 души Инаку и јас би сакала само најблиски негови, најблиски мои, и друштво.... Која веселба би ми ја направила тетка на татко ми по трето колено? Само џабе ќе седи и ќе јаде Или пријатели на свекорот и свекрвата, што ги запознале пред 10 год на бања, и оттогаш само еднаш се виделе во животот Колку повеќе од гостите се поблиски и помлади, толку ќе биде поубаво и повесело
Па еве ја се зафатив да бројам моите плус чичовци тетки и вујко, први братучеди и нивни семејства едно 40 луѓе ми се фаќа. Луѓе со кои сум растела. Плус први комшии, другари другарки, и роднини не крвно блиски туку со кои редовно комуницираме и се дружиме. И кога ќе видиш се собрале до 70+ луѓе
Позитивно изненадена сум драги членови со вашите мислења за вашата свадба! И јас би нешто слично, онака баш по мој мерак да е. Па нели на младите останува светот Пред неколку месеци бев на свадба со бацни рака и кога почна да оди невестата јас бев ваква извинете мене тоа ми просење и неш у смисла ко ај не ви ги собравме сите пари во пликот, па дајте уште по нешто на рака...Патем на поканите беше јасно нагласено подарок во плик...Брука жива и да кога ми ја даваа поканата уште еднаш ми повторија дека не сакаат подарок туку само пари. И се тоа без трошка срам п.с. мајка и на невестата кога и честитав сама посегна по пликот (ниво на дрскост 100!) го зема и го стави кај останатите се сврти накај мене и само ладно рече- „еее фала многу на честитките“...
Јас па воопшто не сакам никаква свадба. Мајка ми на туѓ бучет планира две да правам Морално било една во мк 600+ гости (прдешки, пофалби). Јас ги знам сите нив ама на 90% од нив им бев трн во око, а па можам да замислам како ќе му биде на дечко ми, други традиции и глупости. Ако биде морално за свадба сигурно ќе си припуштам себеси луксузна свадба со 20тина добро избрани луѓе и мои и на дечко ми (за кои би платила и билети, не роднини) а за тие што ме опкружуваат заедно со мајка ми, постарите би ги однела во ресторан, на крај краева тие и онака само за јадење би дошле а не да ме видат мене дали сум убава или лоша невеста
Госпожата ρаботи во маρκет. А знаеме κолκави се платите таму. Татκо ми имаше паρи за да ми напρави свадба. Да саκав свадба, а да немаше паρи, немаше да инсистиρам. Пρотив сум заглавување со κρедити. Ама неκои не мислат таκа. Битно е да се поκажеш пρед наρодот. И сρамота е да не се поκанат бρатучедите на ρодителите на свадба. Се случува и најблисκите да ги собеρеш и па да бидат оκолу 200 гости. Κаκо што се случи на свадбата на моја пρијателκа. Нејзините имаат голема фамилија. Исто и од κај маж и. Ρодителите имаат по 5-6 бρаќа/сестρи. Не бива едни да поκаниш, а дρуги не. Освен аκо не си сκаρан. И плус κога ќе додадеш блисκи пρијатели и κолеги, ете ти 200 гости. Да го вρатам вρемето назад, не би пρавела свадба. Паρите би ги потρошила за патување.
Кога ќе дојде време за свадба, јас би мала веселба со најблиските, немам намера да канам втори-трети братучеди, тетки и стрини со кој не сум се слушнала со години, само најблиските, бар знам дека ќе е весело и опуштено
@lovely97 Јас како ќерка единка на разведени родители, на мајка ми сум и се, и нели нормално сака голема свадба со земање невеста со сите салтанати, а јас сакам буквално само тој да дојде, да ме земе со негова кола од дома и да ме однесе кај шо треба да ме однесе и без се да биде без многу формалности, и мајка ми нели нормално се противи на сето тоа.. Ми вели јас имам само една ќерка шо ми е се на светот, сум те пораснала, сум те изучила, сум те извадила на правиот пат и ќе те омажам, ќе дадам пари па ако треба леб и сол ќе јадам 10 години... И јас кога ќе го слушнам тоа ќе те омажам многу лошо реагирам пошто од тој израз (и правење свадба за атер на родители) и и враќам со тоа: ти не може да земеш да ме мажиш ти мене, јас се мажам за мене ти не ме мажиш мене. Јас не сум предмет да земеш да ме однесеш некаде, јас сум суштество што има право да избира за работи кои ме засегаат првенствено мене. А не друг да одлучува за мене. Има разлика. Знам дека ќе ја направи многу среќна голема церемонија ама.. треба да биде задоволна што ќе ме види во бел фустан како стапувам во брак со вистинската личност. Тоа е важното на крајот на краиштата, а не луѓето што ќе бидат околу нас. Кажи и нешто така и на мајка ти, објасни и убаво дека се залудно потрошени пари и терај си по свое. Кажи и за одлуката меѓу тебе и твојот иден маж и биди цврста околу тоа. Сепак, од вкупно 6 души (неговите, твоите родители и ти и дечко ти) само таа е против, а најчесто мнозинството одлучува. Може малку ќе се лути на почеток ама ќе и помине. Мајка е сепак. На најубавата свадба на која сум била досега имаше околу 60 души, поканети беа само луѓето со кои најмногу се гледаат младите и толку. Ни први братучеди на мајка/татко, ни баби со розеви карминчиња ни ништо. Дај боже со дечко ми кога ќе дојде редот за свадба колку толку финансиски да бидеме во можност сами да си ја платиме свадбата и сами да бидеме креатори на правилата на игра. А не зашто некој за нешто давал пари па мора сопствената свадба да си ја упропастувам и да ја терам обратно од мојот ќеф, да бидам условувана со реченици ко: јас плаќам и така ќе биде (реално, очекувам такво нешто). Кога им зборувам на домашниве дека (за нив навистина блиски роднини шо стварно си се имаат најдено едни на други во животот а ја нема да ги познаам на улица пошто од разни причини не сме можеле да се видиме) не планирам да ги гоштевам со кредит кој ќе го отплќаат со години и дека додека трае отплаќањето 3 семејства (неговото, моето, а и ние како маж и жена - ново и сосема друго семејство) ќе јадат монотони јадења со години, сакаат да реагираат бурно, ама некако се сецнуваат на момент и ми премолчуваат. Родителите на дечко ми се многу комуникативни, по тоа што гледам дека пречесто одат на свадби, очекувам од нивна страна да изразат желба сите луѓе на чии свадби биле поканети, да ги поканат и за свадбата на син им, па којзнае како би излегло на крајот се. Ја би да не правам свадба воопшто, искрено. Ако правам свадба по моја желба би било да бидам облечена со едностаен нежен бел или кремов фустан што би можела да го носам и на друга пригода би отишла во матично, во црква со најблиските, (моите и неговите родители, нивните браќа и сестри, сведоците и најблиските 2 другари/ки) и ако имам можност во домашна атмосфера или некаде на отворено би имала сосема мала прослава, колку да се одбележи. И така. И пак би се собрале 60.
Знам само дека не сакам класична свадба. Некои традиции се интересни и може да се модифицираат за забава на целото друштво. Но на пример не планирам да се бламирам пред маало и да играм оро на сред улица со погачата и кондурите на послужавник. И не планирам да ги ставам сите во невидени трошоци пошто јас сум решила да се мажам. Она што сум сигурна е дека најблиски луѓе сакам да ми бидат сведоци, а останатиот дел да го поминат како најобични гости, наместо да се ставаат во ситуација да подигнуваат кредит или да си вадат од уста за мене да ми исполнуваат свадбени хирови. Истото важи и за моите и за неговите. И за сите беспотребни домашни спремања, кетеринзи и слично што се дополнителен финансиски товар, а сепак спореден дел на главната „церемонија“. Сакам лабава журка со добра музика, убави мезиња и блиски луѓе кои ми значат нешто во животот. Едноставно сакам да бидеме свои, да уживаме и да не се оптеретуваме со некои непишани правила и редоследи на ситуации. Би правела и на ливада и во ресторан, било каде...се додека се запазени некои основни побарувања каде што можеме да си ја организираме замислата. Не мора да има ни професионално фото студио ни последна генерација ласери и светлечки топки. Само добра енергија и 0 оптеретувања.
Јас стварно не ги разбирам, исто така како повеќето феминки, луѓето кои дигаат кредит за свадба. Пази, за свадба! Една моја бивша колешка, уште ги враќа парите позајмени за свадбата на ќерка и, иако поминале 6 години... Да се брукам или моите да ги брукам за таа една вечер/ за тој еден ден? Не доаѓа у предвид!! И да имаме пари за голема свадба, и да ми кажат моите дека ќе ми платат: Не, фала.Пре би отишла на турнеја, да прошетаме на раат. Да имаме хани мун од соништата... Или едноставно да си го средам домот по моја мерка. Исто моја другарка сеа што ќе се мажи... Вика сакам мала свадба, али финансиски е исцрпена. Живеат со вереникот у неговата детска соба. А, башка и трудна е... Ја разбирам, но што понатаму. Животот не е од денес за утре... Кредити секако мразам, а нарочито за ова. Инаку, ако еден коментар погоре се однесуваше за мене, за интимна свадба. Затоа реков и тогаш не е, ама колку толку е поинтимна од 250+. Братучед ми имаше 400 гости. Лудило... А, сестра му150 гости дали имаше. Значи, понекад не е до родителите, до младенците е. Еве брат ми сака свадба со сите салтанаци, бил кум и девер на неколку свадби. Јбг таков човек е... А, и снашката ми е таква. Јас и дм сме едноставни. Нејќам цеци-меци... Строго: џез, поп и рок. И Френки обавезно спаѓа тука
Јас имав голема свадба, со околу 300 гости. Сакав традиционална свадба, со одење по невеста, со ѕиркање на момчето преку прстен, со купување на невеста, со црквени церемонии, со бел невестиски фусан и младоженец во црни одело, со украсена сала, со ора и чочеци... со сЕ. И имав таква свадба, на која се играше и пееше и јадеше и пиеше и на која сите гости расположени си заминаа кога заврши свдбата. И немавме непознати роднини на свдба, напротив, си ги селектирав гостите и си поканив голем круг на другарки, колешки од факултет, цимерки, школски другарки, колешки од работа, блиски пријателки и сл. Роднините беа они со кои стварно многу живеам. Не правев за атер на моите родители кои секако сакаа голема свадба, него за мене и за мм, затоа што ние сакавме чекорот кон заедничкиот живот да биде така живо прославен. Од овде доаѓам до заклучок дека ваљда е ствар на вкус, некои сакаат церемонии и да споделат со сите, друг сакаат интимно да го кажат своето ДА. Право на избор е! Сум била присутна на свадба каде атмосферата беше ептен интимна, и се одбележи венчавката со свечен ручек, не беше лошо, со оглед на тоа што малдите си сакаа наајинтимна прослава па таква и беше. Инаку сум била на неколку современи свадби, со друг тип на музика, со шведски маси и коктели, со диџеи и сл... мислам неуспешнен беше обидот да бидат поинакви, затоа што воглавном гостите си седеа, а на подиумот невестата, кумот и младоженецот. Можеби ќе дојдат времиња кога исклучиво такви современи свадби ќе се прават, ама дотогаш се си мислам дека традиционалните големи свадби ќе се почести.
Не сакам малечка и интимна свадба никако.Сметам дека бракот е голем чекор и многу важно поглавје во животот и не би го поминала само со матично, црква и ресторан со 10 души едвај.Се разбира, доколку ми дозволува џепот, би правела поголема свадба, со 200-250 луѓе од двете страни. За адети, и јас не сакам нешто многу многу да ги имам.Посебно ми е глупав адетот со купување на невестата и земање на невесата од куќата на нејзините, а таа веќе живеела претходно со партнерот заедно. Може да се каже дека сум кафански човек, си сакам српско и македонско, па на свадбата на почеток би се свртило по некоа орце, после тоа сакам диџеј кој ќе пушта стари екс ју песни и некои поп рок хитови за џускање.Ќе има од се по нешто.Сакам и бело да облечам, абе се си сакам. Спојлер Уште младоженецот да се најде.
I na nasava pokana ne pisuvase poklon vo plik, pa site ni poklonia pari. Iskreno i jas bev protiv toa da naglasuvas poklon vo plik ili pak cvekinjata ve molam zamenete gi so grepki. sto gluposti ke izmislat samo da pretvorat vo suva para sve :/
Мислам дека тоа го прават од очај, као ај барем да се извадиме на свадбава колку-толку. Абе ајде, тоа ти и е исто ко за роденден, не праиш да го прославиш туку да видиш што поклони ќе добиеш. Не, не, не! Факт е дека тие пари од свадбата не можеш да вратиш... И самата свадба ја осеќам како славење за церемонијалниот чин. Да ја споделиш радоста, а не нешто особено да ќариш! Параите и така се фрлаат, битно е да уживаш. А, не цела вечер да мислиш колку пари сте собрале.