Демек не се битни парите и поклоните ,а во темата што правевте првата брачна ноќ сите пишале броевме пари од свадба и отваравме поклони
@joy1 Јас искрено тие големите свадби што ги прават денес, не ги гледам како свадби, туку како бизнис , да профитираат, што реално од една страна ги сфаќам, парите им требаат, ама па од друга страна, колку само се изгубило значењето со тоа на самиот настан
И што ако прават голема свадба, кој профит кој бакрач. Родителите ќе потрошат 4000 еур за свадба со сите убавини и мани, а младите ќе заработат 3000 еур. Додека моите трошат 2000 еур, за да угостам роднини и пријатели, додека се нервирам за шминка, фризура, дали роднините им се свидело предјајдењето или музиката....подобро моите да ми ги дадат тие 2000 еур на рака и ќе си купам сама тоа што ми треба. Бај д веј, во ова денешно лудо време, кога младите немаат нерви за заеднички живот, кога секој втор изневерува животен сопатник, секој втор се разведува.... зошто да правам свадба?? Јас така размислувам, кој сака нека ме осудува.... Мала интимна вечера, најблиските роднини од двете страни (прво колено), вечера во ресторан и мирна глава
Од свадбата да профитираш?Па не баш. Капа за глава е . Колку вложуваш толку ќе добиеш. А како сте способни да броите пари истата ноќ не знам. Немаше сила која ќе ме држи будна. Мене очите ми паѓа, нозете не знаев дали се моите, не да седнам и да ги бројам.Колку се -толку се наши се. И утре ќе бидат истите. За поклон во плик се имам изјазнето. Глупост, исто и грепките. Ако сакате профит , свадбата не е начин за истиот. Кај нас беа најблиските гости, и пак си бевме многу, толку сме си. Никој не беше непознат. Сите кои дојдоа ни беа луѓе кои ни значат и не почитуваат. Свадбата ја споредувате со запотени мишки. Замислите кај мене немаше, ни боси нозе, ем свекрва ми беше со повредена нога, ама издржа цел ден и цела вечер. Може гостите ми беа многу културни, и тоа не знам. Не пратам што се случува на другите свадби. Знам дека гостите беа задоволни, ние уште повеќе. Нашите бликаа од среќа и куп измешани измоции. Никогаш не сум сакала да сум во центарот на вниманието, не се ни чувствував така. Туку како да сме на голема журка приредена во наша чест. Имаше и народно, и забавно. Пола-пола. Ми беше мило и баба ми и маж ми и моите баби да станат и да заиграт. Они живеат за тие моменти. Секој нека прави како сака, како си мисли дека е правилно за него, се додека ужива во истото. Ако прави свадба голема за другите, или мала оти мнозинството мисли дека е глупаво да правиш традиционална свадба, тогаш пак прави погрешно.
Не ги сакам сите адети, смешни ми се и банални, не им го знам ниту значењетои не гледам зошто да ги применувам. Сакам да правам свадба и сакам да дојдат да ме земат од дома, не сум обожавател на тапани, ора и таква музика, ама моите се и сакам да им го направам ќефот и ним, така да ако има некоја тапан и некое оро кога ќе дојдат по мене, нема да дигам галама. Сакам да се венчам во црква, ама не сакам вртки пред матично, таму ги сакам само најблиските. Забава сакам на отворено, со малку гости, најблиските, моите имаат многу роднини со кои впрочем и си живеам, па така не знам дали би имала малку гости, ама нема да се напнувам и да ги поканувам и оние со кои не си живеам. Нешто у стил на коктел забава, со забавна музика, разиграни луѓе и убава атмосфера, а да, сакам и невестински фустан, тоа е нешто од кое не се откажувам, ама сакам да е нешто во мој стил, лелаво, едноставно, со цвеќе во коса, па на стилот на кој си го имам замислено за свадбата, не ми ни одговара музика како ора и тапани.
Јас не ги ни знам сите тие обичаи што се прават за свадба. Кога ќе дојде време за тоа ако треба ќе ги научам, тоа е нешто за кое треба да одлучат и двете страни. Сега единствено што знам е дека мора да се склучи бракот со божји благослов, значи во Црква обавезно. Толку од мене на оваа тема зашто се ежам од неа. Still too young for that.
Јас ќе правам свадба со 300+ гости. Голема фамилија сме, само први братучеди имам 15 кој сите сме приближно со годините и сите да дојдат парови ете ги 30. Каде се колегите/колешките, другарките најблиски? Мајка ми и татко ми нека си канат кој сакаат, нивни браќа, сестри, колеги, први братучеди нивни кои исто се многубројни, прва свадба им е и не ги спречувам во ништо нека се радуваат и нека канат кого сакаат. Во глобала јас со сите се познавам, никој нема прв пат да го гледам на свадба. Свадбата ќе ми биде традиционална зошто јас така сакам, тапан да удри и да се развесели куќава. Веридба не правевме, само честење имавме на отворено само млади и имавме диско музика, при крајот почнавме свадбарски македонски песни да пуштаме и се направи прекрасна забава, буквално сите играа. Тоа ми даде поттик свадбата да ми биде со традиционална музика и памал дел забавно, а не музика која само јас дома ја слушам. Едноставно сакам сите страни да се задоволени. Тоа е од мене, можеби правам грешка, можеби еден ден ќе се каам, никогаш не се знае, има време, нека помини па ќе кажам.
@Feodora штом тоа го посакуваш нема да се каеш. И јас размислував како тебе и сакав традиционална музика,се знае на свадба што се свири, сепак убаво одбрани песни за да биде се како што треба. Имаше и забавен дел ама тоа траеше околу пола саат 45минити Цела свадба немаше човек што седеше или што не играше + тапани ептен кејф прават. Убаво да си го поминете денот и ќе видиш дека се ќе биде како што треба.
Имам голема фамилија а и дечко ми исто така па и со најблиските е сепак голема свадба. Многу адети не сакам ама сепак некои традиции што ги имаме сакам да ги направам. На венчаница нема да штедам иако е за неколку часа сакам да ми биде по мерак и во мој стил изработена. Ресторанот сакам да биде украсен но не премногу, исто и не сакам осветлување во премногу бои. Добра музика и храна нормално и среќни и насмеани луѓе. Не сум многу свадбарски тип ама не сум ни против.
Дафи, никој не ја спореди свадбата со запотени мишки - in case you missed it, сарказам беше ова. Не ужива секој во вакви работи, еве на пример јас. Не сакам и знам дека нема да се чувствувам убаво и природно ако треба да се случи таква "веселба". И нема да правам така за да задоволам желба на родители, стари или кој и да е. Убаво си кажа некаде, тоа си е желба на младенците и ќе си прават онака како што тие сакаат. Не осудувам и не се мешам во туѓи штипки, ама си стојам на муабетот за свадби на кредит - не можам да им се изначудам на таквите и за жал, не се малку, што е исто така жално.
За година две и јас ќе треба да се занимавам со оваа проблематика. Со оглед на тоа што со повеќето роднини не контактираме од икс причини, мојата свадба ќе биде помала. И ќе си ја правам по мој ќејф, како јас си сакам. Многу адети не сакам, ама сепак некои традиционални работи ќе ги направиме сигурно.
Еве јас не сум мажена но лично би сакала помала свадба со најблиските и оние луѓе кои навистина те почитуваат тебе и твоето семејство. Нема потреба од толку големи пари фрлање за една вечер многу е поважен животот со мажот после свадбата одколку самата церемонија. Парите можат да се искористат рационално за други работи кои ќе ви користат ете и сама кажа спрат во кои вие како пар ќе имате приватност, удобност и мир во текот на животот без некои да се меша. Мој совет правете како што ти и дечкото иден сопруг мислите дека е најдобро. Слушајте и туѓи мислења но сепак водете се според она што вие сте го замислиле како заеднички живот. Инаку има и парови кои нормално имаат повеќе пари па не им е проблем да потрошат 10.000 евра за една свадба, има и такви кои се прегледуваат со родните и сега ако некои други направиле голема свадба тие мора исто како нив да се покажат дека имаат ама како и да е правете според можностите и вашата лична желба а не желбите на другите
Ние немавме голема свадба, ниту мала, околу стотина гости ама од адети ниту,, а,,. Да бидам искрена и обајцата така сакавме, а и нашиве не се заинтересирани за големи свадби со адети, зурли и тапани сред соба во стан на кат, запотени момци кои рипаат, чиниш подот ќе го срушат и ќе слетаат кај комшиите, па наместо одмор по свадбата, следи чистење. Од сватовите дојдоа само сопругот и негоите најблиски, кумовите, мојата старосватица, поседовме накратко, музика од дома, излеговме и тргнавме во црква. Матичарот во ресторанот и потоа следеше танц, претежно rock and roll, макар што на почетокот имавме малку народно. Турбо фолк, никако, само македонски традиционални песни во народниот дел.Немаше шамари, венци, ланци, китенки, буткање врати, давање пари, јавање коњи, и не знам што. Сум била на целодневни свадби, пренапорно ми се видело и настојував да биде што подедноставно. Не се фоткавме по цело Скопје, малку дома, малку пред црква и во ресторанот во нормални пози без нервози. Паметам на една свдба, сватоите беа топтан пијани уште одкај невестата, а и нејзини гости беа. Веќе во ресторанот им се лошеше, плачеше, беа жива вода и папсани.
http://forum.femina.mk/threads/Класична-или-модерна-свадба.6883/ Нели е слична темава со оваа на линков?
Јас или ќе се омажам тајно, или ќе организирам голема свадба со внимателно избрани гости - претседатели, премиери и слични. И ќе се свири само виенска класика и Френк Синатра.
Јас сум повеќе за помала свадба ,поинтимна и маж ми исто така,но бидејќи ние не се прашуваме толку , сепак ќе биде голема .Со сите церемонии и обичаи што ги имаме и со околу 600 гости плус минус.Здравје пред се , сето тоа е многу убаво ,но бара и доста посветеност и трчање, многу обврски, припреми...Бидејќи моментално не живееме во Скопје се спасивме малку од трчањето околу подготовките,нашите се попосветени сега , но кај и да е не ни бега и нам .
Не читав другите кој што сте пишале, а јас имам поделено мислење околу оваа тема. Искрено сакам свадба и сакам да облечам венчаница тоест да бидам невеста ама не го сакам она доаѓање по невеста, па буткање на врата, па ора во двор итн. Исто така не сакам прослави со многу гости, на мојата матурска едвај имав 30 души и тоа ептен најблиските. И ако правам свадба би сакала да биде така, само најблиските. Зошто реално моите имаат премногу роднини, бабите и дедовците имаат по еден куп браќа/сестри па логично и моите имаат еден куп братучеди. А од тие нивни братучеди, а мои тетки/чичковци, е 80% од тие луѓе јас сум ги видела неколку пати во животот и евентуално на некој погреб или свадба. А во мојата околина и општо гледам дека е случај родителите да ги плаќаат свадбите, па затоа и се игра по нивни правила. Меѓу тоа и покрај мојата желба, еден ден ако се мажам свадба би правела под улов ако станбеното прашање ми е барем колку-толку решено. Сум се изнагледала еден куп пример каде се лупаат ненормално многу пари за свадби по 5000 евра, се вадат кредити а се бутнаат во 4 соби по 3 генерации. За мене тоа не е живот и дефинитивно не би правела така. Живеам само со еден родител од кој не можам да очекувам многу, а да влегува во долгови и кредити за да гоштеваме луѓе коив сум ѓи видела неколку пати во животот па ќе се појават со еден сервис чинии,чаши не фала. Ако имам услови да правам свадба, ќе си ја платам и ќе направам. Ако не приоритет би ми било станбеното прашање и би направила само мала прослава во ресторан со најблиските и тоа.