1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Голема свадба со сите церемонии или пак мала свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од lovely97, 26 јануари 2017.

  1. Beauty.Mar

    Beauty.Mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Мала само со најблиските нема потреба од помпезност и покажување пред други
     
    На Asistentkа и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Да ми беше овој памет тогаш, ни свадба не би правела. Парите нека ни ги дадат и да си отидеме на некое патување.
     
    На cresa-jagoda и Asistentkа им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас имам размислувано и можам да кажам дека големи екстремни свадби не сакам.
    Скромно со најблиските.
    Фустан по мој избор, сама да си купам штикли, балетанки и се што треба да има една невеста.
    Нема да дозволам никој да ми се меша бидејќи сум многу амбициозна кога се работи за невестински фустан.
    А во однос на годишно време немам мерило кога да биде.

    Комшиите да ме збореле,па нека ме зборат имам и јас уста да кажам "шта ве брига"
     
    На theowndemon, Cinderfakinrella, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Забележувам дека во последно време младите ги избегнуваат големите свадби. А и така треба. Зошто да канам роднини кои не сум ги видека од мала. На свадба само најблиските и крај на приказната. По адетите не сум и не ги ни правев за свадбата. Со тоа заштедивме нерви, а и пари.
     
    На Cinderfakinrella, cresa-jagoda, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Сега да правам овој пат мала свадба.
    И тогаш така сакав,ама свекрвата солзи зарона како другиот син голема а малиов мала.
    И тоа големиот имал 500луѓе јас издејствував само пола да се гости на број и тоа моите беа присутни во број колку што ќе беше и да правевме мала,пријатна и фамилијарна свадба.
    Затоа сега многу ме сака и почитува дека јас така добор ја истинтрав.:D
    Кога си добар рамно е на глуп.;(
    Затоа сега да можам и бирам мала церемонија,најблиски,поефтино и најубаво.
     
    На Cinderfakinrella, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    А што има тоа врска? Јас правев мала свадба без адети, а сестра ми поголема свадба со адети. Таква и беше желбата. Јас не направив проблем. Ниту некој друг се побуни. Секој со своите желби, ама против сум големи свадби со сите церемонии.
     
    На elimkd, Cinderfakinrella и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Јас сакам мала свадба.
    Отсекогаш сум сакала.
    Свекрвата се расплака како за големиот син 500луѓе а за малиов така мала и тајна свадба демек скриеното.
    И морало да ги викне сите што и нив ги канеле.
    Јас сакам мала свадба и на многу големи свадби не сум присуствувала па и не очекувам некој да враќал со присуство или не присуство на моја свадба пропорционално на мое однесување на негова свадба.
    Проблемот кај нас е што често свадбата прераснува во прослава и гоштевање на родителите отколу церемонија на младите.
     
    На bunny19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    А тоа е така затоа што родителите плаќаат. И некој ќе рече - Родителите плаќаат и мора нив да ги слушаш. Ма немој. Или ќе биде по наше или нема да има свадба. Нив никој не ги тера да прават свадби. Штета што во денешно време ретки се оние млади што можат сами да си ја платат свадбата. Барем тогаш од родителите нема да има ни а, ни б.
     
    На Cinderfakinrella, cresa-jagoda и Asistentkа им се допаѓа ова.
  9. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Не беа проблем парите и 2та добор заработувавме тогаш и сега не е лошо.
    Ама свекрва ми почна да плаче да се преправа ќе умре од секирации и срам кон роднините ако не е голема свадбата. И маж ми попушти нели да имал и тој свадба како брат му(а повеќе беше да угоди на мама).
    Јас од моја страна си останав на зборот и малку и најблиски роднини поканив од моја страна за кои јас со моите си го подмирив торшокот за порции.
    И мене ми беше најпријатно меѓу моите.
    Инаку имаше коловоџа мои роднини на кои свекрва ми се остреше да го растура колото и да пика нејзини пријателки на почеток оро или ќе додрча кај мајка ми-сваќе кој се оние на колоно?:^)
    Сепак јас најубаво си поминав со моите поблиски:D.
     
    На Cinderfakinrella, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Доказ дека свадбата повеќе е за родителите, отколку за младите. Јас правев свадба за да му направам мерак на татко ми. Никогаш нема да прежали што не правел свадба. Ама му кажав - Или ќе биде како што сакам јас, или нема да има свадба. Он се согласи. И он не сака големи свадби.
     
    На Cinderfakinrella, cresa-jagoda и Asistentkа им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Каква и да е, голема или мала, важно да биде организирана во добар вкус, лишена од секакви сељачизми.
    Лично, избегнувам да одам на свадби, секогаш кога е можно да се извлечам и некој друг од семејството да ме прикрие. :D Не ми се омилен настан.
     
    На theowndemon, SummerGirl, Belgin1 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Нашата свадба беше нити мала, нити голема. Значи златна средина. :) Ги поканив оние кои срце ми ги сака, со оние кои сум најблиска. Од машка страна беа поголем дел, сепак тука не можеме еден на друг да се мешаме, иако јас сакв бројката да е до 50/70, но се дуплираше.
    Немавме церемонии, баш и поради тоа денот ми беше толку опуштен.
    Трошоци гледав да сведам на минимум, скоро се си направивме сами, освен бидермаер и венче за врата. Кога ќе ми текне дека на најтоплото покани и бонбони на балкон правевме... :drunk::sweat::rofl: Скопско и се е можно.:beer: Уште се смееме за тоа. :)
    Нема потреба од луксуз, се поминува така брзо, денот како 1h ми траеше.
    Венчаницата која ја сакав беше €2000, па си ја модифицирав по мое, ми излезе многу поефтина. И да ја купев таа, ќе плачев ваљда :D. Бев цела испогазена... Вака не го штедев, и онака ќе стои на закачалка.
    Мислам нема потреба од помпезности, што ќе ми се луѓе што не ги ни знам и не ми се блиски. Бар за мене тој ден е за споделување среќа со блиски.
     
    На Elena-123, Kitten, Cinderfakinrella и 2 други им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.851
    Пол:
    Женски
    Ние правевме голема свадба најмногу заради родителите. Ама ич не жалам супер си поминав, а и од други видов дека им беше супер.
    Само бројот на гости го одредија родителите. За другото се ние командувавме. Си одбравме рок бенд покрај народњачкиот и буквално поголем дел од времето имаше рок музика, прошарано со по некое оро. Се менуваа двете музики. Искрено и младо и старо се изнаигра.
    Правевме се во еден ден (венчавка и веселба) за да немам два дена да ме боли глава за спремање и супер испадна.
    Од парите што ги добивме за свадба уплативме егзотично свадбено патување и ни остана убав дел што си го ставивме во банка. Родителите ги покрија трошоците за свадбата зашто нивна желба беше бројот на гости.
     
    На Cinderfakinrella и Sofronko им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас со мајками имам разговарано околу оваа тематика и баш ми е мило што и двете се согласивме дека не сакаме голема свадба во иднина доколку дојде до тоа. Не гледам поента да канам роднини од 5то колено за кои не ни знам дека постојат ниту пак дигнале телефон да ме прашаат како сум.
    А за од страна на момакот не можам да коментирам, кога ќе дојде време тогаш ќе коментирам.
    Инаку адетите не ми сметаат само не сакам големи свадби. Исто и јас без лутење би рекла да не одат со деца и бебиња на свадби, но доколку постои можност за катче за нив за време на свадбата би го овозможила тоа.
     
    На *Ench@nted* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Мрзам обичаи, бев дури и против свадба, но тоа го сакаа родителите негови.

    Две недели пред свадба кога ми рече свекорот со кокошки дека планира да доаѓа по мене ми идеше очите да му ги откорнам

    Се договоривме на крај кога тој ќе прави свадба во иднина ќе му се исполни желбата :) :D
     
    На dayla, Aleksandar1212, BoyL и 3 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Највеќе ме нервира адетот со кокошката. Глупост на квадрат. Беспотребно е тоа. Кај сестра ми на свдабата го имаше тоа и уште не ми е јасно зошто. Секој си има свој вкус, ама адети од типот јадење кокошки, буткање врата, облекување кондура, одење по невеста со музика, давање дарови, и др., не сакам. И не ги ни правев на мојата свадба, А и малтретирање ми е сето тоа. Излеговме од станот во кој живеевме тогаш и отидовме во матично, па во ресторан.
     
    На *Лорена* и elimkd им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Јас сакав свадба со обичаи и така испадна. Јадење кокошка и баница, бутање врата, обување чевли од деверот, брат или друго машко од фамилијата да ја изнесе невестата од домот, кршење на чинија пред невестата, дарување со пари на невестата и младоженецот од страна на бабата и дедото кога играат штом излезе невестата од домот (овој обичај не го има некаде), дарување на кумови, свекор, свекрва, прасе на кумот во ресторанот. Патем најдобрата баница и кокошка ги јадев тогаш. Па и една слика што има, една фаца што сум направила и ден денес се смеам на неа. Заедно имавме околу 220-230 гости. Имаше луѓе кои не ги познавам јас, но се роднини на моите а бидејќи тие плаќаа нормално е да поканат кои сакаат. Мене воопшто не ми смета тоа. Убава беше свадбата, весела со секаква музика, сите беа задоволни
     
    На Aleksandar1212, Sofronko и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Зависи колку пари сакаш да 'фрлиш'.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Исто, со тоа што имавме околу 250 гости и од моја страна сите ги знаев :D се консултиравме со моите кој да поканиме и пак се собра бааги народ. Е уште еднаш би правела :$ :makeup:
     
  20. AliciaSilver

    AliciaSilver Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    Каков е тој обичај со кокошка прв пат слупам?