Печена кокошка му принесуваат на младоженецот и тој ја крши целата, заедно со баница, и од нив и дава на невестата.
Ако стапувам еден ден во брак, мала свадба би бил мојата желба дефинитивно. Воопшто не сакам ни гужви, ни адети, па ни делот во црква воопшто не ми значи. Венчавка на отворено, филмски некаде на романтично место со најтесен круг на блиски би ми била најубава опција
Мене правење на големи свадби ми е смешно. Се викаат роди кои младите не да ги немаат видено во животот него мислам и дека прв пат на свадба се гледаат и запознаваат. Што е до мене не би сакала да правам свадба. Сето тоа ми е како смислено повеќе за роднините и комшиите него за младите.Сите тие адети, па црква, па сликање, па гости ми е само тортура. Нека ми ги дадат парите што ги планираат за свадба па дали ке биде патување или нешто друго си е на мене Или ако веќе од другата страна сакаат свадба нешто ептен мало со најблиските
Јас сакам свадба без тие обичаи одење по невеста сватови еден куп па циркузи пред врата. Не сакам ни мала ни голема нешто средно.Преку ден само ќе се регистрираме и ќе се венчаме во црква.Пред тоа да имам доста слободно време за фотосесија.Навечер во некој ресторан со 100 гости најмногу, после може и на афтер до сабајле во некоја дискотека со младите и со друштво и толку.
Ние имавме голема свадба и не ми беше напорно ама ич напротив уживав, да можам уште еднаш ќе правам секако со сопругот, со него се смееме викаме да направиме уште една само немавме кокошки кршење и некои ситни обичаи кои одземаат беспотребно време.
Дали доколку само се венчаме во црква и регистрираме во матично, без правење свадба, треба да се даруваат кумот, старосватот, золвите, зетот.. ?
Тоа зависи од вас и вие како ќе си се договорите мила. Ако сакате, може да ги дарувате, ако не, не морате.
Доколку кумот и старосватот платат во црква, би требало да ги дарувате. Доколку вие си ги подмирите сите трошоци околу венчавката, т.е. и во матично и во црква, а трошоците не се воопшто мали, тогаш нема потреба од дарување. Не е баш згодно и културно да очекуваш некој да плати во црква за твоја венчавка а ти да се направиш на три и пол кога е дарувањето во прашање. Малку чудно се наместени работите, ама гледано од страна, кумот и старосватот не се само сведоци на вашата љубов, ами и треба да си го одврзат кесето. Затоа и велам, доколку вие платите се, тогаш они ке ви дадат само подарок, ама ако они купуваат свеќи, материјали и платат во црква, адетот е да ги даруваш. За золвите и зетот никогаш немам слушнато дека се даруваат.
Мислам дека големите свадби се повеке по желба на родителите. Почесто младите сакаат помали интимни собиранки(како и јас)
Па нема смисла да ги даруваш свекорот и свекрвата а золвата и зетот да ги скокнеш. Март ќе закажеме свадба,околу 180 гости, од страната на маж ми се само 120 луѓе. Ќе ги дарувам кумот,старосватот и деверот, не само поради тоа што тие ќе платат туку и поради самиот чин. Освен нив ќе ги дарувам старите кумови, мојот брат, снаа, внуците, и на кумата дечињата. Ми се собра малку ама на арно нека е.
Еве јас не сум слушнала дека се даруваат свекорот и свекрвата. Правиме муабет за традиционални свадби, и најчесто свекрвата ја дарува снаата со злато.
се дарува. сестра ми даруваше бидејки имаше традиционална свадба. свекор свекрва сестра девер кум кума и старосватот. налет.
Па можат домашните барем да се договорат без дарувања да биде. Ај кум, старосват, девер - со функција се океј, ма да и тоа може да се договори. Ама семејството зошто сами на себе да си праат трошоци?
е не сум знаела дека таков е протоколот за дарување. Многу на-ти-го-дај-ми-го ситуација со подароциве, плус на сите обврски, уште и подароци бирање.
Да де. бовча да спремиш за сВите. порано полесно беше. по едно кебе и ајт. сеа бањарка па пешкир па...
Јас не ги дарував ни свекор ни свекрва камоли па золвата и зетот не ми ни текна на нив Ги дарував т.е дадов пари на кумот, старосватицата и деверчето. Ни поклони ни бакрачи, да акам низ град да мислам што да купам. па дали ќе им се допаѓа, вака пари во кутиче и раат.
па шампонче, купка, да се забањат сватовите ми се повраќа од вакви адети... сељачко ми е, застанати сите и чекаат поклонче, ко мигранти некои во колона еден позади друг. Па секој да го сликаат соС невестата ...
дааа. примопредаја ко се прај мора сликО за доказ а сеа се иск*рназија глеам по НОВО поклон у тутурутки место у бовча. Кој 100 еуричи кој 50...
да сум на местото на невестата колку скапо злато ќе дигнам од златара нек ми побараат бовчи после слободно ... цел списАк нека достават за дарување