zdravo decki imam edno prasanje kako se organizira sega svadba koj sto plakja dali roditelite ja pravat svadbata na mladite ili pak mladite sve sami si plakjaat od burmi vencanica odelo stikli gosti vo restoran, moze li da mi podobjasnite kako ste pravele vie me interesira bidejki nikoj ne ne upatuva sto treba da pravime nie imame i bebence da napomenam ziveeme vo stranstvo se preselivme lani i sega sto se vika pocnavme da se vklopuvame vo okolinata odlucivme da napravime vencavka vo crkva i restoran no neznaeme dali sve nie plakjame ili toa e obvrska na nasite roditeli
Ваша е. Никој не ве тера да правите свадба. Барем јас така си мислам за себе, ќе правам свадба кога ќе имам пари, помошта на родителите е добредојдена, но не би сакала да зависам од нив. Плус тоа, ако тие ви ја финансираат поголем дел ќе биде по нивен терк пошто така работи менталитетот.
toa znaci deka nie gi plakame i nivnite gosti od rodnini prijateli sve e na nasa smetka i muzika i burmi venci sve?
Ако сакате сами да си плаќате вие си организирате све како вие си сакате. Исто и вие кој гости си сакате ги каните. Ако ви плаќаат старите, најчесто ќе ви се мешаат ( вие си знаете какви се) во све и секако ќе си канат и нивни гости. Најубаво е доколку сте во можност сами да си платите за да немате мешање од страна што како да правите.
@nefi Според мене и за мене лично, не е обврска на родителите. Ако по своја волја сакаат да допринесат во нешто, во ред. Но, доколку не сакаат, ниту пак можат финансиски, и тоа е во ред. Сепак, на крај, тоа е ваша прослава/забава, вие сте домаќините и најдобро е ем сами да си организирaте како сакате, ем да си поканите кого вие лично сакате
Има некои родители што пак се мешаат и канат нивни гости до 5-то колено иако младите ја плаќаат цела свадба.
Па нормално. Срамота е да не дојдат Трпана и Петкана (братучетките на свекрвата). Па што ќе речат они ако не дојдат. Мора да дојде и Стојна, другарката од детство на мајката на невестата. Народот ќе збори ако не се направи свадба со 500 и кусур гости и со сите адети.
Небитно е што сакаат младите. Важни се желбите на родителите. Затоа, најдобро е младите сами да си ја платат свадбата.
Ама тоа им е за пред народ, да се фалат, што ќе кажат комшиите ако направат свадба со 100 гости. Кај золва ми пред 20 години имало 500-600 гости за свадба, и тоа некои не дошле, не биле тука. Свекор ми до ден денес се фали за тоа, се "подмочува" од радост кога кажува како направил голема свадба, никој не направил таква свадба, а тоа што продал кола и земал кредит што го враќал со години не е важно, важно да се пофали пред народот. И сами да ја плаќаат свадбата младите џабе, некои родители пак се мешаат кои гости да ги поканат, што да има, какви адети...
Мала свадба само со најблискиот круг на луѓе.Без земање и давање , разно разни обичаи и секако без мешање од родители,тетки,стринки,вујни,комшивки,куми и остали каква свадба да правиме и кој да поканиме,ниту да ни делат "добронамерни совети". Ќе имаат обврска само да се дотераат и да дојдат другото ќе си е моја и од маж ми работа,да не го пикат носот кај што не им го собира. Ми нема логика канење по 500 души за да види народот кој колку поканил и колку дал,да се покажеме пред народот.За себе си ја праќам свадбата не за народот па да ми е гајле што мисли.
Точно така, ама со нашиов менталитет тешко тоа, уште сме заглавени во 17-ти век, па и блага ракија, не ми се верува, сакаат свадба како порано што правеле по неколку дена, па ојлевци, дојлевци, па и од соседното село. Фали уште да ги горат гаќите на свекрвата како порано што правеле. Па може негде и тоа го прават.
На младите им се наметнуваат адетите. Не е убава ситуација да им дојдат гости кои пола не ги ни познаваат или не ги виделе од мали. Кој како сака нека прави, ама не ја сфаќам потребата од канење на ојле дојле. И јас сум за мала свадба. Таква направив. Отсекогаш ме нервирале адетите. Беа канети најблиските. За мене свадбата е интимен чин.
Јас не ни сакав да одат по мене. Не сфаќам која е поентата да ме земаат од дома кога таму си бев. Или трудна 7- ми месец и ја земаат од дома, нема да ја дадат. Кој како си сака така нека си прави, за мене тоа ако е глупост, за некои не е, и младиве некои ги практикуваат сите адети, па и блага ракија, а 7-ми месец, скоро пред пораѓај, ми нема смисла мене тоа.
Од менталитетот си патиме,ако треба леб не јадеме,ќе нема кај да живеат младите, да се реши станбеното прашање, ама сите финансии со кои се располага или ќе се земе кредит, да се заглават младите во кредити и ќе се вложат во свадбата ,за да види народот и да се чуди каква свадба направиле родителите на зетот и невестата,оти нели тие канат т.е прават списоци на гости ,тие кажуваат како ќе биде свадбата,какви обичаи ќе се прават,не се прашуваат зетот и невестата нели млади па незнаат затоа други ќе се мешаат т.е ќе даваат "добронамерни совети".Башка цел ден по патишта со тоа земање и давање,па трчканици ,на најубавиот ден во животот да не можам раат да се провеселам оти морално било да се прават некои обичаи оти така им одговарало на родителите од зетот и невестата,тетки,вујни,стрини,баби и остали.Затоа уште на почеток ќе им дадам до знаење оти не треба никој да ми соли памет, а и на идниот маж оти не иде во предвид традиционална свадба со сите обичаи и такви глупи земачки и давачки. Затоа е најдобро да биде по избор на младоженците,а тие арно што им мислаат, за нивно арно што им кажуваат како треба да ја направаат свадбата да си го гледат својот живот и да не го пикаат носот каде што не им го собира.На сопствената свадба да трчам,да се потам да се возам по патиштата оти некому му текнало така.Убаво пиша секој(мислам на младоженците) ќе си прави како што му е најубаво. Наши познаници направија свадба така, да и детето беше да ја земе мама поточно кажано ја купија(обичајот со купување на невестата) со татко му. Невестата мажена веќе три години, во матично запишани и преселена кај мажот,плус дете имаат , за свадбата си замина кај мајка и да седи една недела дури се спремаше се по сите обичаи,а детето си остана кај татко му до свадбата.