Голема свадба со сите церемонии или пак мала свадба

Discussion in 'Свадба' started by lovely97, Jan 26, 2017.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2022
    Messages:
    8,495
    Likes Received:
    37,361
    Gender:
    Female
    Ние полани бевме во Охрид по невеста сред лето на 50 степени, и пак се вративме назад, свадбата морала да биде во на младоженецот градот, Бог да чува, а тие уште пред регистрација си живееа заедно, едно време живееа кај невестата, свадба правеа после 3 години од регистрација, поради короната се одложи, и пред пораѓај невестата.

    Ај тоа па и гостите така ги малтретираа, да се губи време натака 3-4 саати, и за назад 3-4.
    Па и кога веќе така направија требало да организираат превоз, знам памтам уште мала кога бев за во Ресен имаше организирано превоз.
    Никој не не тера да одиме, ама па еве ако ни се ептен блиски и да не отидеме ќе се налутат.
     
    SummerGirl likes this.
  2. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Joined:
    Nov 2, 2023
    Messages:
    1,286
    Likes Received:
    2,752
    Gender:
    Female
    Обврска на родителите можеби порано ,сега веќе се е измешано ама и за да имаш раат во тоа кој да поканиш кој не најубаво само да си платите. Е сеа ако се запнат за некои гости а ти ги нејќеш можеш да им кажеш они да си ги платат тие порции (јас вака направив со мајка ми па се премисли ги нејќеше веќе :rofl:)
    Совети за адети даваа сите ама тоа што ми се допадна прифатив ,тоа што не ми се допадна одбив :D
    Озбилно ова ? Оставила колку и да е г дете една недела за да ја ,,земат од дома"

    И мене ме земаа од дома бидејќи изборот беше или само ресторан со 50 тина души или ако сакаат свадба да биде со сите адети и решивме свадба со сите адети ама немаше 200 души вкупно и исто би играла и сега.
     
    SummerGirl and Anyshka like this.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    2,315
    Likes Received:
    16,506
    Ма веќе и со две деца прават свадби со сите нишани, вклучително и земање на невестата од дома.
     
    SummerGirl and jacqueline.s like this.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    4,165
    Likes Received:
    20,582
    Gender:
    Female
    Комедии :D Мене па смешно ми е, хахаха. Тие стан купиле пред 10 години, деца народиле, ама жената од кај мајка да ја зема :rofl:
     
  5. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Joined:
    Nov 2, 2023
    Messages:
    1,286
    Likes Received:
    2,752
    Gender:
    Female
    Мене би ми било срам тоа.
    Кога би забременила без да сме земени со 10 души ќе беше свадбата или се во едно на 1 ва годинка не детето без да го снаат сите тоа.
     
    Anyshka, Hortenzija and mKdevojce like this.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    2,315
    Likes Received:
    16,506
    Па да, во случај со едно или повеќе деца, тие обичаи ја губат смислата. Се сведува само на правење циркус за народот.
     
  7. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Joined:
    Jul 5, 2024
    Messages:
    268
    Likes Received:
    663
    Gender:
    Female
    Црквата или манастирот во кој ќе се венчаат мора да се во местото каде што живее младоженецот и сите законици да се од фамилија на младоженецот ,едни пријатели сака да се венчаат во Бигорски манастир ама од кај зетот се бунеа ,па не бил тој од Тетово,затоа не можело.
    Затоа напоменав цел ден по пат ќе помине за тие земачки и давачки ,имав колешка беа законици на свадба зетот од Делчевско(не ми текнува како се викаше селото) а невестата од Прилеп абе се утепавме од возење викаше колешкава цел ден уморен по жешкото вози и ајде стани да играш вечерта мртов уморен.

    Нели почна короната и не се правеа свадби.Желба на родителите од младоженецот.На детето не му треба мајка ,ама свадба за да ја купат со татко му и земат од дома мама му треба.
     
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2022
    Messages:
    8,495
    Likes Received:
    37,361
    Gender:
    Female
    Ама овие беа регистрирани пред 3 години пред свадба, матично мислам треба во градот од каде што е младоженецот, зошто овие се венчаа во црква во Охрид.
    Комшии од Скопје се венчаа во Бигорски, во која сакаш црква или манастир може.
    Е тоа и јас велам, цел ден по патишта, уморен, и вечерта стани играј.
    Едит: овие што бевме по невеста во Охрид кога правеа веридба се регистрираа, и матичарот дојде во ресторанот.
    Уште од почеток на врска живееа заедно, работеа и двајцата во Охрид и таму живееа, потоа кај младоженецот уште пред веридба, ама важно ќе се оди толкав пат по невеста, тоа е малтретирање и на гостите, ептен ако се блиски сакале не сакале ќе одат по невеста, ај што се одеше во Охрид, ама свадбата да беше во Охрид, а не пак назад се вративме, како препарирани бевме, ај ние во колата клима, некои немаа, ама нозете цел ден виснати, ни отекоа, вечерта сандали едвај облеков, среќа сандали, салонки нема шанси на отечени нозе, ем од топло повеќе отекуваат, ем цел ден виснати во кола, па и мм едвај ги облече чевлите пред да влеземе во ресторанот, ми велеше му омалеле. :D
     
    Last edited: Jul 11, 2024
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    4,165
    Likes Received:
    20,582
    Gender:
    Female
    @Anyshka било која церемонија што сум ја правела во животот, сум гледала и мислела за гостите прво. Нив да не им е товар, да не им е мачно, да си поминат убаво. Затоа што ако гостите ми прават атери на моите лудости, ексик и свадба и крштевка и роденден… што и да е. Сакам моите настани да се пријатни и не пренапорни искуства за гостите, да се среќни, релаксирани и во добро расположение. Да терам некој за мој атер да вози стотици километри безвеза, да се исцрпи, мојата свадба да стане толкав товар и малтретирање за некој, ексик и свадба и се.
     
  10. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Joined:
    Nov 2, 2023
    Messages:
    1,286
    Likes Received:
    2,752
    Gender:
    Female
    А па вака за ќеф на свекрвата маскота да бидам е дури тоа никогаш нема да се случи. Инаку да ние го фативме последното лето пред ковид и среќа инаку без свадба ќе останевме :rofl:
    Затоа јас праев два дена :rofl:
    Сакав и Бигорски ама ептеен отпадно ни беше не биваше :( .

    Едит: ги прашавме сите дали се сложуваат да дојдат (девер ,старосват,кум.. ) се сложија.
    Е сеа кај некои зад тоа сложување стоеше љубопитност нели кај живее снашка а некои искрено дојдоа ама баш ми е гајле јас си уживав :angel:
     
    Anneliese and Anyshka like this.
  11. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2011
    Messages:
    1,087
    Likes Received:
    1,151
    Сум била на свадби каде невести веќе регистрирани/сменети презимиња/дете родено/живеат заедно се враќаат и пикаат по детските соби за да ги земале. :rofl: Многу е поголем резилот и се смее народ на ваквите дешавки отколку што ќе речат ако не ја земеле
     
    Rozevata, Mazegin, Anneliese and 6 others like this.
  12. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Joined:
    Jul 5, 2024
    Messages:
    268
    Likes Received:
    663
    Gender:
    Female
    Па и овие беа венчани со дете 3-4 годишнo во брак беа,запишани во матично и тоа пред да се роди детето и после тоа си правеа свадба заедно со детето.
    А за другиве што има желба во Бигорски да праваат венчавка си беа запишани во матично ама бидејќи зетот не бил од Тетово не можело во Бигорски си имале во градот црква кај што живеел зетот,ќе се смеел народот при црква кај што живеат ××× заминал во Тетово да се венча ќе рекле луѓето.

    Затоа пишав кога јас ќе правам свадба,ќе биде како што јас сакам а свекрвата и остали ќе имаат само обврска да се дотераат и да дојдат, за другото ич да не им е гајле.Така се растураат бракови прво мешање во свадбата ,па оти со нас не живеете,делење совети како и што да направат младите,па за детето ќе се мешаат и ќе пукне тиквата.
    Иако гледам некаде вина и во паровите,ќе си им кажам јасно и ќе им дадам до знаење да не се мешаат,моја свадба мои правила.
     
    Last edited: Jul 11, 2024
  13. ♡ Cinderella ♡

    ♡ Cinderella ♡ Истакнат член

    Joined:
    Feb 18, 2023
    Messages:
    532
    Likes Received:
    2,954
    Gender:
    Female
    Со најблизок круг на луѓе,значи мала свадба.И секако без адети и триста други глупости.
     
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2022
    Messages:
    8,495
    Likes Received:
    37,361
    Gender:
    Female
    Неее, мора да се крши погача врз глава на невестата. :D
    Па ако не се направи тој адет срамота од комшиите. :D
    Знам памтам кога бев мала некаде имаше таков адет, па невестата клекнуваше, така нешто беше, па и кршеа погача врз глава, појма немам зошто, па кај едвај издржуваат во венчаница, уште да клекнат, венчаницата ќе испопука. :D
    Мене и свеки ме праша за да ми кршеле погача, и кажав НЕ.
     
    SummerGirl likes this.
  15. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Joined:
    Nov 2, 2023
    Messages:
    1,286
    Likes Received:
    2,752
    Gender:
    Female
    Најпаметно
    Така јас ,ај за ова попушти ситница е ,ај за ова не вреди да се карам да си уништам ден на крај на глава ми се качи (свекрвата ) Од крштевка (што никогаш нема да си простам себе си што и го дозволив ова ) немам заеднича слика ,уствари извини никаква слика оти ладно му било на бебето кај нашол кумот фустан да и купи (facepalm)
    Пред нив го рече ова ,фатија луѓето одма излегоа од црква и ги снема и кумови и сите...
     
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    4,836
    Likes Received:
    15,730
    Gender:
    Female
    Па ова со детето големо, па ајде и таткото повеќе ко мајтап и понижување на жената? Или направи го адетот како што треба од почеток или ич не прави будала од себе. Нови трендови?

    Лично сум за мала.
     
  17. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Joined:
    Jul 5, 2024
    Messages:
    268
    Likes Received:
    663
    Gender:
    Female
    Машкото го обвинувам во вакви ситуации јас,не дека нема и женски што им е желба да направат свадба со дете/деца.Ама повеќе е желба на машката страна т.е свекор,свекрва и останати куми,тетки,вујни итн,па како ќе им ја скратат таа радост,па еднаш се прави свадба или што ќе рече народот,комшијата направил свадба синот нивни не направил.Нели за народот се живее.
    Мала свадба каква што им е желба и замисла на зетот и невестата.
     
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    4,836
    Likes Received:
    15,730
    Gender:
    Female
    @Anneliese па со оглед на тоа што машки ко машки не се замараат многу со адети, идејата е од жената. Нејсе, не дека не испочитувал ама мене лично ми стои на понижување.

    Народот не плаќа сметки, народот исто не гледа твое дете. Ама ние сме уште со застарени размислувања и се тресеме самите за народот. Буквално свадбата е нешто што ги интересира само партнерите, ама луѓе ко луѓе одат предалеку и канат до трето колено. Нема ни искрена радост по свадбите, повеќе е завист и суета од страна на гостите.
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,776
    Likes Received:
    38,647
    Gender:
    Female
    Аууууу... Какви погачи. Ова го имаше на една свадба кај што бевме. Глупости. :x Јас кажав дека такви работи не сакам. Свекрвата не се мешаше. Немала пари жената. (facepalm)

    Зошто да правам голема свадба? За да задоволам роднини од трето колено кои ги гледам од свадба на свадба? Не, фала. Гајле ми е што ќе рече Трпана. Наместо 3 000 евра за свадба, тие пари би ги дала за учество за стан. Или би отишла некаде на одмор.

    Кој сака нека прави голема свадба. Јас сум за нешто скромно.
     
  20. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Joined:
    Jul 8, 2024
    Messages:
    585
    Likes Received:
    1,270
    Gender:
    Female

    Значи бев на свадба во х град кај што немале они старосватица како обичај и не и дозволија на невестата да има затоа што било Скопски обичај. Се направи драма немало они да идат против црквата.
    Родителите не ни ја плаќаа свадбата а се мешаа. После тоа додадоа милион други работи и искрено свадбата испадна циркуз, не уживаше никој.

    Налет од такви свадби и стресови. Абе за се можеш да се договориш во животот па сите имаме разум (или не).

    Ги жалам тие што свадбата им станува нај стресен ден поради х луѓе и причини.