1. Не не сум задоволна 2. Сум размислувала за намалување ама не би одела под нож заради естетски причини. 3. Не приметувам и скоро никогаш не коментирам , зашто цел живот ми зборат луѓето и искрено ми е здосадено од истиот муабет .... кога господ давал давал кај тебе се заборавил од давање , сељачки муабети како ех камо да можеш да ми дадеш малку на мене води какви ми се мали , и булинг во основно и средно кој не се заборава , балони , лубеници бла бла бла .... Слаба точка ми е темава
Не сум задоволна. Порано сакав ,но со тек на време си ги засакав Приметувам ,а коментирам само ако сакам такви хахах
1. Од големината сум задоволна, од формата после доено дете веќе и не баш, но што е тука е. 2. Не 3. Во принцип не забележувам која какви гради има, евентуално ако носи некоја маица која покажува апла, тогаш знам да загледам. А не коментирам, ни со други, а особено не на некоја да и зборувам за нејзините гради, непријатна тема ја сметам.
Не сакам големи гради кај партнерката, мали или средни, стегнати. Би ми сметало ако има големи распуштени гради.
1. Добро оформени, без разлика дали се помали или поголеми. Форма > големина. 2. Не. Сите женски гради се убави гради, и мали и големи.
Оваа е подобра: Форми кои не би ги преферирал: 2 ред 1, 2 ред 3, 3 ред 1. Форми кои највеќе би ги преферирал: 1 ред 1, 1 ред 2, 1 ред 4, 2 ред 2, 2 ред 4, 2 ред 5, 3 ред 2, 3 ред 3, 3 ред 4 и 3 ред 5. Како што гледаш, не сме многу пребирливи ние мажите.
. 1.Преферирам да се таман, и мали, и средни и големи, сепак се "украс" на една жена и ако знае да ги вклопи во изгледот тогаш е полн погодок какви и да се. 2.Не е ми смета, уживам во нив какви и да се, сепак се дел од жената а во жена се ужива целосно, не на делови.
1. Задоволна. Мали се, ама не многу мали. 2. Никогаш. Не сакам поголеми гради, ми изгледа многу неудобно. 3. Ретко. Обично не ни обрнувам внимание која какви гради имала.
Презадоволна и од големината и од формата. Никогаш, природно си е природно. Подобро ми изгледаат виснати отколку силиконски. Приметувам, секогаш ми паѓаат во очи големи гради. Коментирам секако.
1. Не сум задоволна, премногу ми се мали, секој прслук ми е голем бар малку поголеми да беа супер ќе беше. 2. Не, какви ми се такви не ги менувам. 3. Не.
1. Најмногу на цел свет ги сакам и сум задоволна 2.Никогаш не би ставала силикони 3. Приметувам ама не коментирам Имам мали гради и сметам дека ми се таман. Можам да спијам на стомак, да излегувам без градник, со деколте не изгледат вулгарно и најбитното грбот не ме боли Малите гради се многу потценети. Јас мислам дека се совршени и ептен привлечни.
Оф, како јас да сум пишала ова. Многу мали, кога барам градник секогаш барам најмало бројче што го имаат. Ужас, барем малце поголеми. Вака рамна ко даска, ама тоа е, какви се такви...
Демек ние што имаме средни гради не знаеме како е да спиеш на стомак Исто и со деколтето, како беа оние муабети? Жена со деколте = распуштеница ?
Јас имам големи по сите критериуми, и спијам на стомак. Грб никогаш не ме болел, не знам од каде таа легенда. Имам излегувано без градник, зашто не би ако не се деформирани.. Абе чудесии