1. Да, задоволна сум. 2. Порано сакав малку да ги намалам заради исмејувањето, но со текот на времето се прифатив таква каква што сум, вклучувајќи ги и моите големи гради (добро, не до толку да не можам убав градник да си најдам и да ме боли грбот). Сега не би подлегнала под нож ни под разно, освен ако не се работи за здравјето. Бидејќи веројатноста да си го барам тоа што го имав претходно е многу голема. 3. Ретко забележувам и не коментирам. Искрено не се замарам со тоа.
1-2. Никогаш не ми биле во прв план градите. Така да не ми сметаат ниту големи ниту мали. Иако би требало да бирам тоа би било со средна големина. Големи многу и баш не ме возбудуваат. Сепак мислам дека и да се и мали и големи, нивната функција си останува иста.
1. Сега у моментов не сум ама тоа е поради бременоста и ми се напраија балони инаку ппрано да бев. 2. Никогаш не сум размислувала на таа тема од причина што до пред некој месец немав проблем со нив. 3. Забележувам и коментирам.
1. Големи, но никогаш не сум имала проблем со грбот. И сите што викаат дека не може да се спие на стомак со големо гради не искусиле па да знаат. Секогаш спијам на стомак. Е сега кај нас малку е проблем за убави, секси градници, ама има да се најде само што се поскапи. 2. Никогаш, си ги сакам (ама после 35-та до кај 40-та дефинитивно ќе си направам еден лифтинг). Не сум искусила булиинг, баш секогаш имало позитивни коментари. Може некоја девојка да прокоментирала, ама тоа повеќе од љубомора. 3. Забележувам, ама не коментирам (барем не во лице, а со другари после приватно да). Иако ми се големи според мене најубаво е средно (некаде Б/Ц корпа).
1. Не сакам многу големи, но не сакам и ептен мали. Средни е таман. Корпа Ц ваљда...шо знам. 2. Не би ми сметало.
1. За сега онака, не баш. Имав поголеми гради, но со големо губење на килажа, сега сум на некоја средина. Повеќе ми се допаѓаше како изгледам порано. 2. Да, само да надминам страв од игли и чуда. Сега и дојам, па не знам во иднина како ќе изгледам, така да ако не ми се допаѓа, секако би отишла да го сменам тоа. 3. Јас генерално сакам да видам (за мое око) убаво женско тело. Ми привлекува внимание и знам да искоментирам за некоја жена дека е богиња
1. Не. Би сакала да се барем малку поголеми. 2. Засега не планирам такво нешто, а бога ми и во иднина тешко. 3. Повеќе приметувам задници одошто гради.
1.Не, мали ми се ама си ги сакам колкуу толку. 2.Да би ставила некој мал силикон (не сакам фејк да личи) 3.Да, кај жени со големи гради ама не во лоша конотација, него си викам сакам и јас аххахаха А не ми се комплекс, не ми е срам да се соблечам
1. Не, можеби малку повеќе има во нив 2. Би ги намалила дефинитивно 3. Не и тоа потсвесно никогаш не ми доаѓа да ги ,,осудувам". Инаку се спие на стомак.
Дали имате користено крем за волумен на градите? Што мислите дали имаат ефект? Сакам да почнам да користам, а овој прв го најдов.
Guam имаат навистина добри производи, но според тоа што го прочитав нема да добиеш многу на волумен. Кремот го зголемува волуменот на масните клетки во поткожното масно ткиво, стимулира производство на колаген и еластин и помага да се редуцираат стрии. Значи би добила зацврстување и подигнување на градите и сосема малку волумен. Инаку цената му е 2700 ден. (Зегин online).
1 . Задоволна сум . Можеле и помалку да пораснат ( претерале моиве ) , ама биднало веќе , тоа е . 2 . Би легнала под нож само за подигнување , друго не ми треба . 3 . Приметувам , но не коментирам .
Никогаш не ми била битна големината на градите кај партнерките. Сум имал партнерки со големи гради, со мали гради и помеѓу и сите се убави.
1. Да, задоволна сум и среќна 2. Не, иако ми се прилично големи никогаш не би ги намалувала 3. Приметувам и коментирам