32+4 дена - 2.570. Скриен шеќер ми беше ок, но сепак ме пратиа пак да испитам шеќер на гладно. И првото ми беше големо 3.800 се роди. Едино ни мене ни на докторката не ни е јасно зашто примам клексани чим бебето си расте
Женски, јас сум 26та недела скоро, според ехо, бебе е 900грама, не е ли некако многу тоа? Читам тука 700-800 грама, за во таа недела. Матичната ми вика добро си е, така треба да си биде, сега највеќе ќе расте.
Ако примаш клексани поради мутации мора да примаш без разлика како расте плодот, може баш поради тоа добро расте. Јас примам цело време и е секогаш понапредно.
Времињата ок ти се? Кој ти ги препишува клексаните, гледам си пишала дека се чуди докторката. Трансфузиолог најдобро знае, согласно резултати од димери и хемостаза и ехо наод од гинеколог.