36+4 2500грама. Цтг мирно. Докторката малку ме исплаши дека е помалечко од што треба и ми кажа не било вообичајно крупни жени да носат мали бебиња, а јас сум крупна. Имал ли до сега некој вакво искуство? И ваши мислења?
Моја роднина се породи во недела која што си ти сега и роди бебе со приближна килажа. Сите доктори кажале дека има одлична тежина за неделите. До крај имаш уште две три недели, ке качи уште. Не се секирај. Јади јаткасти плодови, читав дека влијаат на тежината. Најбитно е органите да се развиени и да седи внатре до крај, килажа ке си качи. И мали жени раѓаат крупни деца, а не е вообичаено.
Другите органи се во ред ги мереше докторката што ќе ме пораѓа, плодова вода има доволно. Јаткасти плодови и суво овошје јадам уште од 20 недела грлово ме боли веќе. Сите испитувања ги имам направено димери, скриен шеќер, крвна слика, ЦРП и сите резултати се во ред. Крупна сум, со 90 кг останав бремена. Јадам се апетит голем имам дури и од мм делот што го јаде би го изела. До сега се имам здебело само 8-9 кг.
Протоци проверени ли се? Степен на зрелост на постелка? Висока ли си? Крупна со вишок кг и крупна со висина не е исто. И јас со 90 останав бремена, може и 95 беа, ама и висока сум.
Да и протоци се проверени и степен на зрелост на постелкатасе е во ред. Матичната ме гледаше и на скрининзите кај Димчев одев и иако 1 недела помало испаѓаше според мерките ( најверојатно покасно сум останала бремена) беше задоволен и од протоци и од постелка и ми рече уредно се си тече. Висока сум 170 цм.
Многу ме исплаши докторката. Се плашам да не има некаков проблем со бебето иако сите резултати се нормални, освен што е помало според мерките.
Не се грижи, секое бебче е различно, моето на 33 + 5 беше околу 2 кг. претходниот понеделник. А и точно не ги мерат читав многу што им рекле ден пред пораѓај една тежина, а се родени и по 500гр. повеќе.
Не знам на која феминка, и утнале за цело кило. Рекле големо, а се родило околу 3 кг, има во темата за родилна и измерена килажа пред пораѓај. Штом се е во ред, не се грижи, си проверила се што треба.
Вo истата недела бебетo и пoмалo беше 2000 кг, дoктoрката ме распамети, вo Чаир истo самo тoа малo бебе малo бебе. Jа рoдив 40+2, 3100 без гаjле
Не бе,таман си е,и моето минатата недела 35+5 беше 2.400 негде.Ми рече матичната таман до крај ќе порасне 3-3 и нешто.
Кај мене во 38+1 го измерија 3280 гр, не знам дали до крај ќе качи уште некој грам или како што пишуваат сепак ќе има разлика во измерената и родилната килажа, ќе видиме наскоро хахах