33+4 гн бебе според мерки 2580г. Иста приказна како со ќерка ми, цела бременост според матичниот беше големо бебе, до термин очекувани над 4кг, а ја родив во 40та гн 3200..
И мене матичната на последна контрола ми кажа 3700 вика може 4000 да се породиш, а ќерка ми ја родив 3180 ќе видам за синко дали ќе погодат бар приближно
Здраво мамички. Јас сум 30+5 и денеска го измерија бебето 39 цм и 1538 грама. Докторката ми рече дека било помало за 5 дена од неделата во која е, а секаде кај што прочитав пишува дека е нормална тежина и големина. Какво искуство имате вие? Фала
Не, не, 31+4 сум денес, имаме време. Според вчерашното мерење сега е 1806 гр, што е за некои 350 гр повеќе за 10 дена. пропорционален раст ми стои во извештајот
Ич да не се секираш, и за бебе од 2кг треба да се отвориш 10 прсти и за бебе од 4кг, имам другарка го роди 2800 испука и надвор и внатре, а друга познаничка го роди над 4кг ништо немаше, така да не му ја мисли многу. И мене ме очекува големо бебче, во 36та бевме 3170, денес сме на контрола па ќе видиме што како, со лесно нека ти е и да си имаш лесен пораѓај
Јас се породив во 40+2 3800 беше бебка ако ти е за утеха природно распукав од надвор малку три конци имав
Јас родив 40+3 второ бебе 3,870гр нити испука,нити ме сечеа. А првото го родив 40+ 5 2,800 гр замисли ме сечеа. Затоа нема правило. Само со убаво и со лесно. Ти посакувам пораѓај лесен како песна.