Офф, тешко прашање. Мм инсистира за приватно, мене не ми се даваат 2000 евра за 3-5 дена. Сакам и јас кај Адела во Гак. Ај ако дојдеш во Скопје може ќе се запознаеме, ако се фатиме на клиника. Ама нешто на три ума сум. Искрено не знам што да правам
Ако можете да си дозволите нема зашто да се мислиш. Сепак условите во приватните се далеку подобри од државните но ете не сите имаат можност да одат на приватно
32+0, синко 1920гр. Докторот вика таман е, јас си мислам дека штом се роди на училиште ќе го запишам од шо е голем.
Моево 29 +5, беше 1859. Нека се живи и здрави, но мене страв ме фаќа ако биде бебе буцко до крај. Малата ми се роди 2940 и не знам како би поминала со поголемо бебе
Веројатно полесно. Поголемо е, помалку страшно за држење и маневрирање. Бар така си велам А и со поголеми обравчиња за ручкање
Ќе даде Бог сила на сите, убаво ќе си поминеме. Слатки маки се тие. А и како што читам во породилни приказни, сите со второ бебче поминуваат полесно. ❤️