Пишав погоре 33 +3 беше 2800 кај матичната. Вчера 34+2 во Чаир ми го измерија 2650. Јас не ги есапам многу меркиве, затоа што и со првото ми утнаа и на форумов има случаи и од мало бебе на крај се раѓале џинчиња. Ако ни се 50 ките, нека стојат за секој случај
Јас кога перев и пеглав баш видов само една 50ка шпикозни имам, кога ме фати еден страв леле што ќе ми носи детето, ама ете меркиве кажуваат дека ќе биде големо, па ќе видиме дали е точно
Мене ме измери 4 кила, ама ми вика тебе девојче кај ти е стомакот дома да не го остаи Не ти давам поише од 3400гр...и сеа немам поим колку е. Ај колку сака нека е небитно, сакам да кажам од овие мерки до раѓање може скроз различно да излезе.
Малата ја изнесов од болница со 2860 г. Немав ниту една 50 ка, се и висеше. Тогаш земав некое боденце и шпикозни. Ама не ги износе ич, затоа што за месец дена качи речиси 2 кг. И од најмалото бебе што сум го видела се претвори во мишелинка
Zenski sto ako bebceto e mnogu malo 35n.1750g. Na moja prijatelka vcera i kazale ,pa koga mi kaza nekako me iznenadi a ona 15kg.e popravena do sega
Може да ви ги купиме. Моево бебле на последен преглед во 25+5 беше 676гр. Ќе видиме за три недели колкав ќе биде..по ова што пишувате во 30+ треба да биде барем дупло..
Можеби е симетричен недостаток на раст, мало за гестациската недела (IUGR, SGA) како термини.. Но, тоа не значи дека не е здраво, развиено. Секако дека мајката си ги има сите потребни информации. Биди добра пријателка и дај и до знаење дека мајчината килажа (+4, +15, +20, -3) воопшто не игра улога во тоа колку ќе тежи бебенцето.
Или нема доток на протоците и не се храни доволно. На колешка моја вака се роди малата во 38 недела 1800. Матичниот не и видел дека протоците и се намалени.
Јас имам 2, 3 боди само. За без пари ти ги давам Леле моево на 25+6 беше 1005гр. Како ќе ја раѓа мама незнам ако продолжи вака
Ќе порасните, рано е уште. На почетокот кога ќе ми текни дека за 4 недели по 50тина грама ставаше, мислев дека никогаш нема да порасни. Сега пак, се чудам од кај толку многу пораснал од еден преглед до друг. Макар што, сѐ е ориентационо. И по 1кг ги згрешавале од ехо до раѓање. Различни доктори, различни еха, различни мерки... А, за алиштата не откажувам. Уствари за ништо. Секако сме постари, па сѐ што нема да искористиме, ќе ви го дадеме.
Моето по менструација беше 25+5, а по мерки 25 кога имаше 676гр.. Не се загрижувам пошто докторот рече дека супер се развива, а тоа ми е најважно. Даа, сега нагло растат во овие недели..гледам и по стомакот, само ми оди напред во јуриш. Нека се живи и здрави само, ништо не е поважно од тоа.